Пациентката со констатиран коронавирус е во добра состојба, петмината струмичани се под медицинска контрола и изолација во Струмица

Среда, 26 Февруари 2020

Пациентката кај која е констатиран првиот случај на заразеност со вирусот „Ковид 19“, или коронавирусот, е во добра општа здравствена состојба, под постојан мониторинг на стручниот лекарски персонал на Инфективната клиника во Скопје, и со оглед на нејзината претходна здравствена историја, спаѓа во пациентите кои успешно се справиле со вирусот, соопшти министерот за здравство д-р Венко Филипче на прес-конференцијата вечерва во Медија центарот на Владата.

Министерот Филипче информираше дека сите останати 8 патници и возачот на комбето се идентификувани и со нив е стапено во контакт. Четворица од патниците се од Скопје, а другите четворица од Струмица. Со нив вечерва ќе постапи епидемиолошки тим од Центрите за јавно здравје од двата града за да се утврди нивната состојба и ќе бидат советувани, а ќе им се пружи и прва терапија доколку за тоа има потреба.

Лицата што биле во возилото, што биле во контакт со жената кај која е констатиран вирусот, како и сите останати со кои подоцна стапиле во контакт ќе бидат во домашна изолација и под безбедносен надзор.

Доколку и кај некои од овие лица наодите и мониторингот покажат потврдени симптоми на корона вирусот, во текот на утрешниот ден ќе бидат префрлени на некои од инфективните одделенија во болниците во Штип, Велес или Гостивар, како институции кои претходно беа утврдени како места за изолација за пациентите кај кои со сигурност е утврден вирусот.

Министерот Филипче и на оваа прес-конференција апелираше дека нема потреба од загриженост, и дека системот за следење и прифаќање на сите сомнителни случаи е во добра функција. Согласно сите медицински протоколи, сите надлежни институции се во целосна подготвеност за соодветна реакција според пропишаните протоколи од Светската здравствена организација.

Тој упати уште еден апел до сите компании и институции во кои има вработени кои во изминатиот период патувале во Италија, да бидат ослободени од работните обврски и да бидат во домашна изолација до 14 дена.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот пр…

Јул 12, 2020 Вести

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 07:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатна...

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 лица со ковид-19

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 …

Јул 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица, едно од Струмица и едно од Просениково се новозаразени со ковид-19. Во моментот 15 лица се водат како активни случаи во Струмица, а досега о...

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Два нови случаи заразени со ковид-19 во Струмица

Јул 11, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19, меѓу кои и две лица во Струмица, најмногу во Скопје ...

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски

Костадинов: Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било…

Јул 11, 2020 Избори 2020

„Да не ризикуваме, да не го даваме гласот за било кој би можел да коалицира со Мицкоски“ - кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Изборн...

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со раководството на СВР Струмица

Министерот за внатрешни работи е во Струмица, се сретна со р…

Јул 11, 2020 Вести

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев претпладнево беше во работна посета на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Како што кажа министерот ...

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со струмичките бизнисмени

Кандидатот за пратеник Костадин Костадинов на средба со стру…

Јул 10, 2020 Избори 2020

„Ја зајакнуваме директната поддршка на македонските компании. Нашата цел е да создадеме амбиент за динамичен и конкурентен бизнис, ослободен од полити...