Со предавање на клучот од градот започнаа карневалските денови во Струмица

Среда, 26 Февруари 2020

Со предавање на симболичен клуч од градот на карневалистите, денеска започнаа еднонеделните активности од овогодинашното јубилејно издание на Струмичкиот карневал. Во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ вечерва се одржа свечената седница на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал каде беше промовирана монографија за карневалот и беа доделени признанија по повод јубилејот. Во холот на Центарот за култура беше поставена ретроспективна изложба на фотографии од изминатите изданија на карневалот во организирана форма.

Карневалските активности започнаа со дефилето на мажоретките од општинската зграда, со парада низ корзото, плоштадот, сè до платото на Центарот на културата. На чело на парадата беше градоначалникот Коста Јаневски, во присуство на претставници од Општина Струмица. Парадата беше пречекана од страна на претседателот на ОО на Струмичкиот Карневал, Александар Цицимов, претседателот на ФЕКК, Ларс Алгел, останатите членови на одборот, претставници на институции, карневалски групи. На јарболите пред Центарот на култура беа подигнати државното знаме и знамињата на Европската Унија и на Струмичкиот Карневал, а присутните проследија кореографија на мажоретките.

Во големата сала на Центарот за култура беше изведен симболичниот чин на предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Јаневски на претседателот Цицимов. Ваквиот чин е новитет во карневалската програма и беше воведен во 2018 година по примерот на останатите карневалски градови во Европа. Пред присутните во салата беа прикажани исечоци од видео снимки од карневалското издание во 1991 година кога беше воведена организираната форма, а потоа и видео материјал од минатогодишниот карневал. По обраќањето на Јаневски и Цицимов започна свечената седница на Организациониот одбор на карневалот кој од сцената ја водеше струмичкиот водител Ѓорѓи Калајџиев. Во воведниот говор Калајџиев потенцираше дека пред 350 години е направен и првиот познат запис за карневалот во Струмица од страна на турскиот патописец Евлија Челебија, кој бил во посета на градот во 1670 година.

На свечената седница беше промовирана монографијата „Струмичко чудо“ во авторство на Катерина Милушева и Александар Цицимов, со фактографски прикази за развојот на карневалот. Монографијата е испишана на повеќе од 300 страници и поради недостаток на финансиски средства во моментов е достапна само во електронска форма, но според Цицимов се очекува истата во текот на годината да биде и отпечатена.

Свеченостите за отворањето на карневалските денови продолжија со доделувањето на признанија на личности, институции, фирми и групи кои изминатите три децении го помогнале одржувањето на карневалот. Претседателот Цицимов додели плакети и медали на поранешните градоначалници на Струмица, институциите, карневалските групи, на медиуми и новинари, на компании долгогодишни поддржувачи на карневалот.

По завршувањето на свеченостите во големата сала, присутните имаа можност во холот да ја погледнат ретроспективната изложба на фотографии од карневалот од изминатите три децении насловена „Струмички Карневал - 30 години ѕвезда под небото“.

Карневалските активности во Струмица продолжуваат и наредните денови, сè до наредната среда. Утре во два термини во 18:00 и во 20:00 часот ќе се одржи Концертот под маски на музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица, за кој влезниците се веќе распродадени. Истиот ден во 12:00 часот во просториите на градската библиотека ќе се објават резултатите од конкурсот за најдобри остварувања на тема карневал, а во 18:30 часот во зградата на музејот во Струмица ќе биде отворена изложбата на карневалски фотографии од минатата година. Главната вечер на карневалот ќе биде во сабота и истата ќе започне од 18:30 часот.

Кирил Ѓоргиев

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на ниво на држава 26 новозаболени

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на н…

Мар 30, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа во Струмица не е регистриран случај со коронавирус, засега останува само едно лице потврдено во текот на вчерашниот ден. Вкупнат...

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цени

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цен…

Мар 30, 2020 Вести

Граѓаните да не креваат паника, затоа што лимони и друго јужно овошје има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со...

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

Мар 30, 2020 Вести

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително, б...

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење од 16 до 5 часот

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење…

Мар 30, 2020 Вести

Ноќта помеѓу 29 и 30 март на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, вкупно 31 граѓанин ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од ...

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во…

Мар 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на духовит начин раскажува за корона кризата

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на ду…

Мар 29, 2020 Магазин

Струмичанецот Кирил Петров, кој веќе 20 години живее во Флорида, САД, ја користи социјалната мрежа Инстаграм за да долови каков е „маабето“ за корона ...

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во карантин

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поедине…

Мар 29, 2020 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со апел до своите сограѓани по објавувањето на информацијата дека едно лице од Струмица е заболено...

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации - се огласи една од девојките која беше снимена како влегува на Инфективно

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации …

Мар 29, 2020 Вести

Во петокот преку социјалните мрежи во пораки се споделуваше видео од три женски лица како со амбулантно возило се донесени во Инфективното одделение и...