Новинарот Ване Трајков добитник на наградата на ЗНМ за најдобро новинарско известување

Четврток, 19 Март 2020

Новинарот Ване Трајков од Струмица е добитник на наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2019 година на Здружението на новинари на Македонија.

Ване Трајков наградата ја доби за неговите прилози за откривање на проблематичниот договор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица со приватна фирма за подигање на смет за период од една година за сума од 1.200.000 евра.

Ване Трајков 25 години е во новинарската фела. Првите чекори во новинарство ги прави како водител-новинар на „Рекс радио“ во Струмица, а потоа во некогашната Радио Телевизија Струмица. Новинарската кариера ја продолжува во регионалната ТВ канал ВИС, каде е и сега вработен како новинар-уредник. Пишуваше теми од Струмичкиот регион и за весникот „Вест“. Ване Трајков во моментот е дописник од Струмица и регионот на Телевизија 24, Радио Канал 77 и интернет порталот „Сакам да кажам“. Тој е дел од основачите на Здружението за граѓанско општество и медиумска писменост „МЕДИЈА ИНФОНЕТ“ од Струмица, формирано во јануари минатата година, со цел промоција на професионалното новинарство и информации со факти и аргументи.

Од годинашните награди на ЗНМ по повод 74 години од основањето на здружението, наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и беше доделена на долгогодишната новинарка на МРТ и известувач од Собранието, Мира Костиќ, која годинава стави крај на својата богата новинарска кариера. Наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство им припадна на новинарите на емисијата „360 степени“, Зоран Јовановски и Славица Филиповска, за прилогот со наслов „360 на терен со УЈП – итроштини и ургенции на секој чекор“. 

Поради ситуацијата со коронавирусот во државата и препораките на институциите за избегнување на групни собири, ЗНМ овој пат нема да организира настан за свечено доделување на наградите. Оттаму, Здружението на новинарите на Македонија им честита на добитниците на наградите и ги охрабрува колегите да продолжат со добрата работа и оваа година во интерес на јавноста со подготвување на квалитетни новинарски прилози. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските држ…

Авг 14, 2020 Вести

Од утре (сабота, 15 август), Србија воведува задолжителен ПСР тест за македонските државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи на Реп...

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

Авг 14, 2020 Вести

Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отвор...

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но и 13 оздравени пациенти

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но …

Авг 14, 2020 Вести

Во последните 24 часа регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 од направените 2.172 тестирања, а починати се три пациенти, двајца од Скопје (60 и 7...

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се трагаше по него

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се траг…

Авг 14, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 12:00 часот, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“, на место викано „Ѓуриште“, атар на Свети Николе...

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...