Сите оние маркети кои денеска закачија цени на лимонот од 190 денари за килограм, ќе бидат казнети до 5.000 евра, па и со затворски казни

Петок, 20 Март 2020

Сите оние маркети кои денеска закачија цени на лимонот од 190 денари за килограм, ќе бидат казнети до 5.000 евра, па и со затворски казни, одлучи денеска Владата.

„Донесена е одлука за замрзнување на цените на лимон, портокал, мандарини, грејпфрут и клементина, на предлог на Министерството за економија. Според Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, се определува највисока трговска маржа на овие производи за трговски друштва и трговец поединец која се применувала во периодот од 1 јануари 2020 година до 11 март 2020 година кога од страна на Светската здравствена организација (СЗО) беше прогласена пандемија на Коронавирусот COVID- 19. Според Одлуката, оваа маржа ќе важи до 30 април 2020 година“, соопшти Владата.

Трговците овие денови ја зголемуваат продажната цена на јужното овошје, каде што цената на лимонот драстично се зголеми и достигна и до 190 денари по килограм.

„Според податоците добиени од Царинската управа на Северна Македонија за период од 11.03.2020 година до 19.03.2020 година, увозната цена на портокалите се движи од 15 денари за килограм до 29,7 денари за килограм. Најизразена е маржата кај лимоните со оглед на тоа што увозната цена се движи од 32,3 денари по килограм до 45 денари по килограм. На ден 19.03.2020 година увозната цена на лимонот била 35 денари по килограм, а малопродажната цена достигна и до 180 денари по килограм“ – стои во информацијата на Министерството за економија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските држ…

Авг 14, 2020 Вести

Од утре (сабота, 15 август), Србија воведува задолжителен ПСР тест за македонските државјани, информираат од Министерството за внатрешни работи на Реп...

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

ВИДЕО: Како помина првата недела од СОФ 2020

Авг 14, 2020 Вести

Деветто издание на манифестацијата Струмица ОПЕН фестивал е во тек. Настаните се одвиваат според одобрените протоколи за одржување на настани на отвор...

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но и 13 оздравени пациенти

Денеска Струмица со уште двајца нови случаи на ковид-19, но …

Авг 14, 2020 Вести

Во последните 24 часа регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19 од направените 2.172 тестирања, а починати се три пациенти, двајца од Скопје (60 и 7...

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се трагаше по него

Пронајден е 56-годишниот струмичанец кој од 9 август се траг…

Авг 14, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 12:00 часот, во манастирскиот комплекс „Пресвета Богородица“, на место викано „Ѓуриште“, атар на Свети Николе...

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...