Се воведува национална платформа за поддршка на далечинско учење, МОН со препорака до училиштата да ја применуваат

Вторник, 24 Март 2020

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија донесе уредби со сила на закони со кои се предвидува основните и средните училишта, како и високо образовните и јавните научни установи да организираат далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација и тоа да се спроведува во овој период кога е прогласена вонредна состојба. За овие новини во областа на образованието денес на прес-конференција информираше министерот за образование и наука Арбер Адеми.

Согласно уредбите секоја образовна установа индивидуално треба да одлучи за формата на далечинско учење која ќе ја примени, земајќи ги предвид можностите на сите вклучени страни во образовниот процес за користење на одредено/одредени средства за електронска комуникација – видео конференциски платформи, електронска пошта и слично, кои обезбедуваат взаемна двонасочна комуникација и настава без физичко присуство на засегнатите. Наставниот кадар е должен за време на далечинското учење да реализира настава, да организира вежби, тестирања, проверка и објективно оценување на знаењето на учениците.

Адеми информираше дека во најголем дел, високообразовните и јавните научни установи веќе применуваат одредени платформи за далечинско учење, така што, како што посочи, предизвикот во делот на високото образование е помал во однос на предизвикот на основните и средните училишта.

„Ние препорачуваме примена на унифицирана национална веб платформа која се изработува во моментов од страна на Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ со финансиска поддршка од Британската амбасада, наречена е Е-училница, а која ќе биде достапна веќе од утре“, рече Адеми, додавајќи дека платформата наменета за основните и средните училишта, се изработува по примерот на платформи за далечинско учење од земјите во регионот кои се покажуваат како практично применливи и ефективни, а како најдобар пример ја посочи Република Хрватска.

„Платформата чија употреба е едноставна, ќе понуди видео лекции, односно разработка на методски единици за сите одделенија и сите задолжителни предмети. Видео лекциите ќе бидат во траење од 15-тина минути и ќе бидат придружени со презентација и нарација/објаснување од наставник, односно наставничка што ќе покаже интерес и ќе се пријави за оваа цел“, нагласи Адеми.

Адеми посочи дека МОН веќе ги извести сите основни и средни училишта за оваа национална платформа за далечинско учење, со апел до наставниците да се вклучуваат во пополнувањето на истата и информираше дека до овој момент се имаат пријавено околу 600 наставници, а бројката од ден во ден постојано расте.

„Со задоволство информирам дека веќе пристигнуваат видео лекции. Имаме пријави за над 1000 лекции, а пристигнати се досега околу 400 лекции. Истите се проверуваат од содржински аспект и се внимава да не се повторуваат, односно за една тема од учебник да има една лекција. Секако очекуваме бројката драстично да расте во следните денови, а во меѓувреме апелираме на трпеливост до целосно пополнување со содржини за сите одделенија и по сите предмети“, нагласи Адеми.

Линкот до оваа прва национална платформа за далечинско учење во земјата е www.eduino.gov.mk.

Граѓаните можат да доставуваат предлози и препораки до Министерството за образование и наука во насока на евентуално подобрување на функционалноста на платформата во иднина, со што, како што рече Адеми би се обезбедил траен систем за далечинско учење кој ќе остане и ќе биде подготвен да се применува секогаш кога ќе има потреба од истиот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на ниво на држава 26 новозаболени

Нема нов случај регистриран со коронавирус во Струмица, на н…

Мар 30, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа во Струмица не е регистриран случај со коронавирус, засега останува само едно лице потврдено во текот на вчерашниот ден. Вкупнат...

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цени

Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цен…

Мар 30, 2020 Вести

Граѓаните да не креваат паника, затоа што лимони и друго јужно овошје има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со...

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

26 нови случаи на коронавирус, почина уште едно лице

Мар 30, 2020 Вести

„Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјата. Целосен преглед за состојбата по градови ќе испратиме дополнително, б...

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење од 16 до 5 часот

Синоќа 14 лица во Струмица ја прекршиле забраната за движење…

Мар 30, 2020 Вести

Ноќта помеѓу 29 и 30 март на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица, вкупно 31 граѓанин ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од ...

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица

Утре прекин на струјата на дел од булеварот „Гоце Делчев“ во…

Мар 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на духовит начин раскажува за корона кризата

Забрани нема, а улиците празни: Струмичанец во Флорида на ду…

Мар 29, 2020 Магазин

Струмичанецот Кирил Петров, кој веќе 20 години живее во Флорида, САД, ја користи социјалната мрежа Инстаграм за да долови каков е „маабето“ за корона ...

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во карантин

Јаневски: Да се почитува личноста и угледот на секој поедине…

Мар 29, 2020 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со апел до своите сограѓани по објавувањето на информацијата дека едно лице од Струмица е заболено...

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации - се огласи една од девојките која беше снимена како влегува на Инфективно

Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации …

Мар 29, 2020 Вести

Во петокот преку социјалните мрежи во пораки се споделуваше видео од три женски лица како со амбулантно возило се донесени во Инфективното одделение и...