Испечатете ја страната

Тројца пожарникари со полесни повреди во гасењето на пожарот кај старата струмичка касарна

Среда, 25 Март 2020

Тројца пожарникари од ТППЕ Струмица се полесно повредени при гасењето на пожарот кој синоќа избувна кај старата струмичка касарна. Од струмичката пожарна информираат дека двајца од пожарникарите се пренесени на лекување во болницата во Струмица, а еден се здобил со полесна повреда на ногата.

Во пожарот кој избувна во зградата во која се сместени ТВ Канал ВИС, просториите на еден текстилен погон, како и Социјалниот повеќенаменски центар на општина Струмица, струмичката пожарна одговорила со пет возила и 25 пожарникари. По првичната дојава на местото било испратено едно возило со екипаж од пет пожарникари, а поради сериозноста на пожарот синоќа противпожарната служба направила мобилизација и дополнително биле ангажирани 4 противпожарни возила и уште 20 пожарникари.

Пожарот избувна синоќа во 2 часот по полноќ, а струмичките пожарникари се бореле со истиот седум часа, така што истиот во 9 часот утринава бил ставен под контрола и целосно ливкидиран.

Во пожарот за среќа нема други повредени, но направена е голема материјална штета.

Од регионалната ТВ Канал ВИС информираат дека телевизиските екипи и понатаму ќе продолжат да работат на терен и редовно ќе известуваат, а вестите ќе бидат емитувани преку интернет, од официјалниот Јутјуб канал на телевизијата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети Тома, нов кум на манифестацијата е Антонио Атанасов од „Мајстор Компани“

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети …

Окт 19, 2020 Вести

Веќе 28 години градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот патрон Свети Тома – заштитникот на градежницит...

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбојкари

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбо…

Окт 18, 2020 Спорт

Две максимални победи од 3:0 за три дена во првите две кола во новиот шампионат за успешен почеток на струмичките одбојкари. ОК „ЏИО Струмица“ на гос...

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица, 83-годишен струмичанец починал

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за ј…

Окт 18, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1853 тестирања, регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 200, Тетово 30, Прилеп 29, Кавадарци 17, К...

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебито за „Шрусбери таун“

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебит…

Окт 18, 2020 Спорт

Македонскиот репрезентативен голман од „Арсенал“, струмичанецот Дејан Илиев, кој е на позајмица во „Шрусбери таун“ и настапува во првата англиска лига...

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча го добива својот нов лик

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоч…

Окт 18, 2020 Вести

Уредувањето на просторот околу манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, кое започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика. Целокупнио...

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва, еден потешко

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва…

Окт 18, 2020 Вести

Вчера околу 07:30 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, кај Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, ...

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безбедно со земјоделски машини“

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безб…

Окт 17, 2020 Вести

Во организација на Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица при Секторот за внатрешни работи во Струмица, а во партнерство со РСБСП, денеска во насе...

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешната Национална кампања „Нахрани 10.000“

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешн…

Окт 17, 2020 Вести

По повод „Неделата на солидарноста“, денеска на 18 локации во шест градови во Македонија, меѓу кои и во Струмица се одржи Националната хуманитарната а...