Не етикетирајте, не осудувајте и не ширете лажни информации - се огласи една од девојките која беше снимена како влегува на Инфективно

Недела, 29 Март 2020

Во петокот преку социјалните мрежи во пораки се споделуваше видео од три женски лица како со амбулантно возило се донесени во Инфективното одделение и дека тие биле првите заболени од коронавирус во Струмица. Меѓу струмичани почнаа да се именуваат кои се. Станува збор за две струмичанки, студенти во Германија и нивната мајка. Тестовите од петокот покажале дека се негативни на коронавирусот. Една од студентките се огласи на Фејсбук.

Драги Пријатели,
Во изминатите неколку денови на социјалните мрежи се појави видео пропратено со лажни информации и невкусни коментари дека јас и моето пошироко семејство сме позитивни на КОВИД-19 и дека во меѓувреме сме шетале низ градот и сме контактирале со други особи.
Сакам да кажам дека јас и сестра ми сме студенти во Германија и по појавувањето на КОВИД-19 во Германија, Факултетите се затворија, часовите ни се држат преку интернет и ние како граѓани со постојано место на живеење во Струмица се вративме во нашиот дом. Иако кога пристигнавме во Македонија сеуште не се потпишуваше изјава за самоизолација, ние самите се пријавивме во центарот за јавно здравје и рековме дека ќе бидеме во самоизолација и се информиравме за следните чекори.
Со цел да не го загрозиме здравјето ниту на нашите најблиски ниту на пошироката јавност, од аеродромот не пречека нашата мајка, која што за целиот овој период беше со нас во самоизолација. Додека ние трите бевме во самоизолација нашиот татко воопшто физички не контактираше со нас и престојуваше на друго место.
Бидејќи ни завршуваше периодот на самоизолација согласно препораките, телефонски се јавивме и закажавме термин за тестирање. По препораки на епидемиолог ни беше кажано дека сите три треба да бидатеме тестирани, бидејќи престојуваме заедно.
Сакам да истакнам дека во ниту еден момент не сме криеле дека сме во самоизолација, напротив сите наши блиски, роднини и пријатели беа информирани за ситуацијата, за случајно некој да не дојде.
Во петокот кога отидовме на тестирање, некој несовесен граѓанин не снимал со цел да го рашири видеото по социјалните мрежи. Со видеото се ширеа и невкусни и невиститнити коментари за нас и нашата поширока фамилија, кое ни нанесе емоционален стрес и нарушување на угледот.
Иако ни беше тешко што неможеме да го видиме нашиот татко и нашите блиски роднини, ние сепак се воздржавме и ги испочитувавме сите прописи.
Наместо да бидеме пример за тоа, ние бевме нападнати.
За овие три дена, додека ги чекавме резултатите, се изначитавме разни коментари дека сме позитивни и дека намерно не се објавуват резултатите и разни други глупости.
Сега можам да ви кажам дека резултатите ги добивме и СИТЕ ТРИ СЕ НЕГАТИВНИ на КОВИД-19. Но дури, и да бев позитивна ќе објавев дека сум позитивна, и со гордост ќе истакнав дека НА НИКОЈ ДРУГ НЕ СУМ ГО ПРЕНЕЛА.
Вирусот е опасен, но ќе помине. Но емотивната болка останува.
Затоа на никој не му го посакувам, ниту едното, ниту другото.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково и Граничен премин

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Нов…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 2 јуни), од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во н...

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се…

Јун 01, 2020 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски на прес конференција потсети дека се навршија три години откако СДСМ...

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓаните за купување нов велосипед, по објавата на повикот за само неколку часа 52 струмичани си купиле велосипед

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓа…

Јун 01, 2020 Вести

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше дека од општинскиот буџет се одвоени 800.000 денари за субвенционирање на граѓаните ко...