Граѓаните да пријават на 191 во кој маркет има зголемени цени

Понеделник, 30 Март 2020

Граѓаните да не креваат паника, затоа што лимони и друго јужно овошје има, а трговците на големо и на мало да не се обидуваат да прават манипулации со цените. Да ја почитуваат договорената маржа од 10, односно 15 проценти, порача денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Тој напомена дека цената на лимоните треба да изнесува 70 до 110 денари, како што била до 11 март. Граѓаните, пак, кога пријавуваат, треба да бидат конкретни, да кажат точно за кој продажен објект се работи, на која улица и број. За тоа, потенцира Пауновски, служи бројот 191.

„Цената на лимоните е намалена кај сите малопродажни објекти по контролите до петокот. Проблем имаме со увозниците, со трговците на големо. Контролите се во тек, двајца се веќе казнети. Имаме зголемување на увознта цена. Големотрговците кои се, за жал, само четворица, да знаат дека секое непочитување на владината одлука ќе значи нови, поригорозни мерки. Затоа, апел до нив да ја почитуваат одлуката и највисоката маржа да биде единствена, 10 отсто, како што е утврдено. Да не прават манипулации. Пиљарите, пак, да не  се обидуваат да стават цена поголема од онаа со маржа 15 проценти“ - истакна Пауновски.

Во таков случај, нагласи, инспекторите ќе мора да почнат да казнуваат, а тоа никому не оди во прилог, ниту на граѓаните, ниту на државата.

„И досега има преку 100 пријави до судот, но граѓаните од тоа немаат корист. Затоа апелот е да се почитуваат одлуките за безболно да ја поминеме кризата“ - кажа директорот на Инспекторатот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково и Граничен премин

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Нов…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 2 јуни), од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во н...

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се…

Јун 01, 2020 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски на прес конференција потсети дека се навршија три години откако СДСМ...

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓаните за купување нов велосипед, по објавата на повикот за само неколку часа 52 струмичани си купиле велосипед

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓа…

Јун 01, 2020 Вести

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше дека од општинскиот буџет се одвоени 800.000 денари за субвенционирање на граѓаните ко...