Семејството Заеви донира прехранбени пакети за сиромашни семејства, а ќе се делат преку Општинскиот штаб за заштита и спасување

Сабота, 04 Април 2020

Големи колични на хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти за социјално загрозени семејства обезбеди семејството на поранешниот премиер, Зоран Заев, во оваа криза со пандемијата што ја зафати и нашата држава, а со која многу сиромашни семејства финансиски се погодени.

Семејството Заеви хуманитарните пакети ги достави до Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Струмица, а информацијата ја потврди началникот на овој кризен штаб, кој рече дека дистрибуцијата на овие хуманитарни пакети ќе се врши согласно сите мерки за заштита, почнувајќи од пакување, па се до достава во семејствата, а ќе ја вршат волонтери обучени за ваква испорака, односно ќе биде обезбедена максимална заштита за сите што ја доставуваат и примаат донацијата, и истите ќе се делат се додека трае кризата.

„Донацијата на хуманитарните пакети е од семејството Заеви, кое освен во општина Струмица вакви пакети донираше и во другите општини во државата, а кои деновиве преку волонтерите ќе стигнат до домовите на социјално загрозените семејства. Од името на општината сакам јавно да му се заблагодарам на семејството Заеви кое многу пати досега ја потврдило својата хуманост и солидарност и секогаш помагале таму каде што имало потреба од било каква помош“ – кажа Оџаков.

Тој истовремено ги повикува сите компании и граѓани, во ова исклучително тешко време, во рамките на своите можности да им се помогне на семејствата кои имаат потреба од прехранбени и производи за лична хигиена.

„Многу е важно во овие вонредни околности да ја покажеме нашата хуманост и солидарност и сите заедно да се справиме со овој голем предизвик пред нас“ – истакна Оџаков, упатувајќи апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките на Владата, Министерството за здравство и на Општинскиот штаб за заштита и спасување, затоа што само така ќе можеме да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

На денешната прес конференција, началникот на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Струмица, информираше дека тие постојано ја следат актуелната состојба и преземаат мерки за заштита на граѓаните од ширењето на коронавирусот.

„Истовремено, ги следиме и потребите на граѓаните во овие вонредни околности и од тие причини, а во интерес на земјоделските производители и граѓаните ги отворивме пазарите за продажба на земјоделски и прехранбени производи „Чешел“, „Кантон“ и Кванташкиот пазар, но со дополнителни мерки за заштита. До Општинскиот штаб за заштита и спасување стигна и донација на заштитни маски кои ќе бидат поделени од волонтерите на општина Струмица“ – кажа Оџаков.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково и Граничен премин

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Нов…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 2 јуни), од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во н...

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се…

Јун 01, 2020 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски на прес конференција потсети дека се навршија три години откако СДСМ...

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓаните за купување нов велосипед, по објавата на повикот за само неколку часа 52 струмичани си купиле велосипед

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓа…

Јун 01, 2020 Вести

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше дека од општинскиот буџет се одвоени 800.000 денари за субвенционирање на граѓаните ко...