53 нови случаи позитивни на Ковид-19

Сабота, 04 Април 2020

Во изминатото деноноќие потврдени се 53 нови случаи позитивни на Ковид- 19, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 483 лица. По градови: Скопје - 13, Куманово - 8, Штип - 5, Прилеп - 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа двајца пациенти заболени од коронавирус, жена од Лабуништа (Струга) на возраст од 71 година и маж на возраст од 77 години од Куманово кои беа хоспитализирани во исклучително тешка состојба.

Институтот за јавно здравје информира за уште два смртни случаи, жител на Велес кој почина пред неколку дена, а неговиот позитивен резултат е докажан постмортем и странски државјанин кој живеел во Скопје четири месеци.

Министерството потсетува и дека пациентот од Куманово кој почина на 2 април на Инфективната клиника, а чиј позитивен резултат на Ковид – 19 беше потврден вчера попладне, како случај на позитивен и починат пациент, во статистиката на ИЈЗ ќе биде исто така евидентиран во денешниот извештај.

Со ова, во денешната статистика се видентирани 5 починати лица од Ковид-19.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 61 пациент, од нив 11 се на механичка вентилација.

Во изминатото деноноќие направени се 414 тестови. Досега во земјата се направени 4.920 тестирања на Ковид-19.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково и Граничен премин

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Нов…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 2 јуни), од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во н...

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се…

Јун 01, 2020 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски на прес конференција потсети дека се навршија три години откако СДСМ...

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓаните за купување нов велосипед, по објавата на повикот за само неколку часа 52 струмичани си купиле велосипед

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓа…

Јун 01, 2020 Вести

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше дека од општинскиот буџет се одвоени 800.000 денари за субвенционирање на граѓаните ко...