Структури на Наќе Чулев во полицијата на скандалозен начин се обидуваат да попречат хуманитарна акција која се одвива повеќе од еден месец. И во време на ваква сериозна криза наместо да помогнат ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференција што ја одржа во Струмица, пред седиштето на СВР Струмица.
Интегрален текст од прес конференцијата:
„Структури на Наќе Чулев во полицијата на скандалозен начин се обидуваат да попречат хуманитарна акција која се одвива повеќе од еден месец. И во време на ваква сериозна криза наместо да помогнат ВМРО-ДППМНЕ и Христијан Мицкоски на било кој начин гледаат како им одмагаат на граѓаните. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не знаат да донираат, да помагаат, да дадат, знаат само да грабаат од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ со полициски режимски структури синоќа до рани утрински часови вршеше притисок и закани врз волонтери и членови на граѓанска организација. Се држеа млади волонтери во полициска станица, им се закануваа, само затоа што некој добил партиска задача и му пречи солидарноста. Граѓаните уште еднаш може да се потсетат на режимското МВРО-ВМРО. Скандалозното однесување на полицијата во Струмица покажува дека Чулев ја злоупотребува полицијата во политички цели на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се истите манири кои 11 години ги практикуваше режимот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Бараме одговорност за овој скандал што се случи овде во Струмица, каде преку злоупотреба на полиција и државни институции ВМРО-ДПМНЕ, Чулев и Мицкоски се обидоа да спречат хумана, солидарна акција за помош на нашите сограѓани. Законите мора да важат за сите и за оваа злоупотреба одговороност мора да има. Очекуваме МВР и сите надлжени институции да отворат истрага за овој скандал и да соопштат на јавноста кој ќе понесе одговорност. Хуманоста и помагањето на граѓаните немаат никаква врска со политика, тоа се морални и човечки вредности. Ниту една злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја спречи хуманоста. ВМРО-ДПМНЕ со нивните полициски структури нема да ја спречат нашата, струмичка, македонска солидарност“ – кажа Костадинов.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display