МВР со информација за синоќешниот упад на полициски службеници во магацин во Струмица

Четврток, 30 Април 2020

Министерството за внатрешни работи излезе со соопштение во врска со случувањата во магацински простор на улицата „Ѓорги Трајков“ во Струмица.

Ве известуваме дека на 29.04.2020 година, постапувајќи по План и задачи за непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење, во 22:30 часот, во Струмица, на ул: „Ѓорги Трајков“ од страна на полициски службеници од СВР Струмица, биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина. Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен  поради вршење на сменска и ноќна работа, издадени од Здружение  за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“, а дел од лицата поседуват Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10.04.2020 година.

По овластување на дежурен Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Струмица и со Потврда за привременио одземени предмети се одземени предметните дозволи и известувања со цел проверка на веродостојноста на истите.  

По насоки за постапување од Јавниот обвинител дадена е Наредба на полициски службеници физички да се обезбедуват пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за истите од страна на Здружението за хуманитарни цели „Сите заедно можеме“.

Приведени лица во Полициска станица од општа надлежност Струмица, нема.

На 30.04.2020 година три лица се повикани на разговор во СВР Струмица, по извршен службен разговор лицата си заминале од СВР Струмица. Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО Струмица.

Со цел да се утврди дали полициските службеници постапиле согласно правилата и процудурите за постапување од страна на Одделот за внатрешна контрола ќе бидат преземени мерки и соодветно ќе биде информирана јавноста – стои во соопштението на МВР.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...