Учениците ќе учат од дома до 10 јуни, матурантите се ослободуваат од полагање матура

Четврток, 30 Април 2020

Учениците од основните и средните училишта ќе ја продолжат наставата со далечинско учење до 10 јуни, односно нема да се вратат во училишните клупи, додека матурантите оваа година ќе бидат ослободени од полагањето завршен испит и ќе можат со дипломата издадена за завршено средно образование да се запишат на некоја од високообразовните институции во земјава. Ова се само дел од сетот мерки што Владата на Република Северна Македонија ги усвои на денешната седница по предлог на Министерството за образование и наука.

Министерот за образование, Арбер Адеми на прес-конференција напомена дека се работи за сет од девет мерки, со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во овие вонредни околности и услови предизвикани од појавата и ширењето вирусот КОВИД-19.

„Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома. Кризниот период се чини дека полека поминува, но и натаму постои ризик по здравјето на граѓаните. Така што, учениците нема да се вратат во училишните клупи до 10 јуни. Апелирам и ги охрабрувам сите учесници во воспитно-образовниот процес максимално да се ангажираат и продолжат да ги извршуваат своите обврски и да дадеме еден заеднички придонес за квалитетот на далечинското учење да се издигне колку што е можно повеќе над оптималното ниво“, истакна Адеми, напоменувајќи дека на сите наставници кои до денот на прогласување вонредна состојба биле ангажирани со договори на определено, работниот однос им се продолжува до крајот на учебната година, а воедно ќе се обезбеди и соодветна замена за секое испразнето работно место на наставник.

Другата мерка се однесува на уписот на првачињата кој вообичаено и согласно законските прописи започнува во месец мај, согласно условите ќе започне во јуни.

„Со тоа, родителите и старателите имаат време да се подготват, да ги обезбедат потврдите за задолжителни примени вакцини, како и за извршени стоматолошки и офталмолошки прегледи од надлежна здравствена установа“, потенцираше Адеми, додавајќи дека списоците со запишани ученици, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули.

Следните две мерки, рече министерот, гарантираат дека ниту едно училиште за време на вонредната состојба нема да биде оставено без раководни структури и управни органи кои имаат обврска да ја организираат работата непречено и првенствено во интерес на учениците и наставниците, односно се продолжуваат мандатите на раководење и управување во училиштата, како и продолжување на важноста на лиценците за директорите.

Што се однесува на учениците од завршните години во средните училишта, тие се ослободуваат од полагање државна матура, училишна матура и завршен испит во учебната 2019/2020 година.

„Ова важи и за кандидатите кои полагањето го започнале во некоја од изминатите години, но не успеале и се пријавиле за повторно полагање оваа учебна година“, рече Адеми и додаде дека сите ученици од завршните години ќе ја добијат дипломата која ќе има важност како и дипломите издадени во изминатите учебни години.

„На овој начин сакаме да им помогнеме, да го елиминираат стресот од подготовка за полагање на својот последен средношколски испит во овие вонредни околности и да им овозможиме да ја започнат потрагата по соодветен работен ангажман, или пак да го продолжат своето образование на повисоко, академско ниво“, рече Адеми, истакнувајќи дека покрај лицата со положена државна матура во некоја од изминатите години или меѓународна матура, на факултет во земјава ќе можат да се запишат и сите лица кои се стекнале со диплома за завршено четиригодишно средно образование во оваа учебна година.

Следната мерка која е поврзана со високото образование, се однесува на продолжување на важноста на студиските програми на сите три циклуси чија важност престанала во академската 2019/2020, за една дополнителна година, додека, роковите за донесување на решение за акредитација, решение за почеток со работа на нова студиска програма или високо образовна установа се пролонгираат за 3 месеци од престанокот на вонредната состојба.

„Продолжува и реализацијата на сите останати права во областа на образованието, односно исплатата на парични надоместоци по основ на стекната стипендија, некој од еднократните парични надоместоци како финансирање на објава на научни трудови и слично. Во рок од две недели по завршувањето на вонредната состојба ќе објавиме и повик за покривање на трошоци за пат и котизација за основци и нивните ментори за учество на меѓународни натпревари“, истакна Адеми.

Овој сет мерки е изготвен во соработка со низа други надлежни институции во областа на образованието, со поддршка на граѓанскиот сектор и партнерските организации и истите гарантираат непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во овие вонредни услови.

„Секако, и натаму како институција сме отворени за разговор, соработка, за добри и конструктивни идеи, сугестии и предлози кои вредат да се разгледаат. Планот за образование не е од затворен тип, туку напротив, во секое време може да биде надополнет во интерес на граѓаните“, констатираше министерот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...