Филипче: Денеска имаме повеќе оздравени пациенти отколку активни случаи

Четврток, 30 Април 2020

На денешната прес-конференција, министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека денеска за првпат беше екстрахирана плазма на двајца пациенти, коишто се ковалесцентни, значи се во фаза во која се носители на антителата против вирусот. Во следните денови, додаде министерот за здравство и терапијата со озон во Градската општа болница „8-ми Септември“ ќе биде аплицирана на пациенти, каде што експертите ќе ја индицираат.

„Денеска се регистрирани 111 оздравени пациенти, и тоа: во Куманово 74, Прилеп 18, Скопје 13 и по еден во Штип, Битола, Охрид, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Хисар. Со ова, денеска имаме повеќе оздравени пациенти отколку активни случаи, односно 738 оздравени пациенти и 650 активни случаи. Регистрирани се четири смртни случаи на Клиниката за инфективни болести, пациентка на 62-годишна возраст- оперирана од карцином пред 10-тина години, во Градската општа болница „8-ми Септември“, пациентка на 59 години, оперирана заради проблеми со стомакот, акутен абдомен, дијагностицирана позитивна на КОВИД-19 вирусот во тешка состојба на респираторна машина“, потенцираше министерот Филипче, кој посочи дека во денешниот извештај се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово и двете со претходни заболувања.

„Во однос на новите тестирања и новите дијагностицирани случаи, во изминативе 24 часа направени се 386 тестирања. Потврдени се 23 нови случаи, и тоа во Тетово 6, во Скопје и Куманово 5, Прилеп 3, Велес и Неготино 2 пациенти. Лицата кои се регистрирани како случаи во Неготино се жители на Демир Капија и тоа често се случува. Не станува збор за превид, туку Институтот за јавно здравје работи на национално ниво и согласно тоа, Демир Капија спаѓа во подрачното ниво на Неготино, така се водат случаите. Вкупната бројка на дијагностицирани случаи, од почетокот на епидемијата кај нас сега изнесува 1.465, како што кажав оздравени 738, починати 77, во моментов активни 650. Со последните 386 тестирања, направени се вкупно 16.436 тестови“, истакна министерот Филипче.

Тој информираше дека утрово било разговарано на Комисијата за заразни болести и констатацијата е дека се намалуваат и индикациите за тестирања како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории, што оди во насока на стишување, намалување на епидемијата нешто што, како што рече министерот се очекуваше во овој период.

Во врска со брзо и точно информирање на граѓаните со официјални податоци поврзани со справувањето со коронавирусот, од вчера функционира уште еден канал каде се споделуваат официјални информации. Станува збор за апликацијата на „Viber“, преку која граѓаните на својот мобилен телефон добиваат информации од страна на Министерството за здравство и Владата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...