Денеска е 4 мај, ден кога пред 117 години беше убиен Гоце Делчев

Понеделник, 04 Мај 2020

Денеска е 4 мај, ден кога пред 117 години беше убиен Гоце Делчев. Сонцето на Македонија.

Преземено од Иван Котев:

На денешен ден пред 117 години во нерамна, но херојска борба со турскиот аскер беше убиен Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, апостол, идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Војвода на војводите, инспектор на четите, учител и човек кој влевал доверба кај собеседниците и ја добивал нивната доверба. Живеел многу кратко време и не можел да даде сѐ што требало да даде за македонија. Се родил во Кукуш, Егејска македонија, во 1872 година, а загинал на денешниот ден 1903 година. Краток век за толку силен и надарен човек. Извесно време бил учител во Штип (Ново Село), работа што била параван за неговата вистинска дејност. Неуморно крстарел низ Македонија будејќи го духот на народот и припремајќи го за борба. Тој имал бриљантен ум. Знаел дека неукиот народ треба да се освести, робот да сфати дека не сака да биде роб и дека не е роб. За соработници ги бирал најспособните и најхрабрите. Во своите обиколки низ Македонија не ја одминал ни Струмица. Овде доаѓал во повеќе наврати. Фаќањето на Назл`м бег и барањето откуп со цел да се пополни касата и да се купува оружје била причина повеќе Гоце да престојува во нашиот крај.

Заедно со Ѓорче Петров ги пишуваат нацртите на Уставот и Правилникот на ТМОРО. Со четата крстари низ Македонија и создава силна организациона мрежа.

Гоце Делчев бил против дигање на неподготвено востание и во материјален и во духовен поглед. Одлуката на Солунскиот конгрес силно го вознемирила и Гоце со сите сили се стремел да го одложи востанието. Во тоа не успеал, затоа што на пат за Сер, каде сакал да учествува на Серскиот окружен конгрес, бил убиен во селото Баница, Серско, на четврти мај 1903 година.

Смртта на Гоце силно одекнала не само во Македонија, туку и во светот. Нашиот народ долго време го оплакувал својот апостол, својата надеж, своето сонце...

Неговиот живот е најоплакан живот. Неговата смрт е најопеана смрт. Македонскиот народен гениј повеке песни испеал само за Марко Крале.

Една негова мисла и денеска восхитува со својата актуелност: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Мисла која се вклопува во вечноста.

Еве една песна што ја имам запишано пред педесет години во која се пее за тоа, дека и гората се радувала кога през неа требало да помине војводата над војводите:

Развивај горо зелена,
направи сенка ладена!
Направи сенка ладена,
извади вода студена,
извади вода студена!
Извади вода студена,
през теп ште мине Делчето,
през теп ште мине Гоцето!
През теп ште мине Делчев војвода,
с неговата верна дружина,
с неговата верна избрана.
Ете го Делчев де иде,
наметнал пушка на рамо,
наметнал пушка на рамо.
Наметнал пушка на рамо,
јостегнал сивото којнче,
јстегнал сивото којнче.
Јостегнал сивото којнче,
право си тегле ф Струмица,
право си тегле ф Струмица.
Право си тегле ф Струмица,
ф Струмичкото Поле широко,
ф Струмичкото Поле широко.

Забелешка: Песната е снимена на 6.10.1970 година во с. Куклиш. Пееше Киро Попов, роден 1909 година. Снимил и дешифрирал Иван Котев.
Македонскиот народ во својата колективна меморија го чува ликот и делото на Гоце Делчев, лик кој како златозрачно сонце ќе го топли и подгрева духот на сегашните и на генерациите кои доаѓаат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

ЈП Државни патишта продолжува со активностите за реконструкц…

Јул 31, 2020 Вести

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица –...

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Мицев од Струмица, чие тело беше пронајдено во браната Турија

Поднесено обвинение за подмолното убиство врз Александар Миц…

Јул 31, 2020 Вести

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице од село Добрејци за кривично ...