Струмичкото СДСМ прашува зошто за Игор Гоцевски кој е фатен како „прима поткуп“ од 600 евра нема притвор

Вторник, 05 Мај 2020

Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ, Љубица Спасова, денеска преку прес конференција во Општинскиот штаб на ова партија во Струмица, праша зошто лицето Игор Гоцевски, член на ВМРО-ДПМНЕ, кој на 29 април е фатен со примање на поткуп од 600 евра, не е во притвор, зошто е различен овој случај од други такви.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Игор Гоцевски е член на Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, а го води партискиот центар за аналитика. Тој е дел од тимот на Христијан Мицкоски и ја спроведува криминалната политика на ВМРО-ДПМНЕ, која со закани и страв сака да ги држи граѓаните под контрола.

Овој случај е потврда каква е политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Ако нивниот функционер ова го правел кога неговата партија не е на власт, само може да се претпостави што правел Гоцевски и уште многу други како него кога на власт беше режимот на Никола Груевски.

Да потсетиме. Игор Гоцевски во времето на режимот бил директор во Агенцијата за финансиска постапка во земјоделството и рурален развој, а неговата сопруга Драгана Гоцевска, раководител на Одделението за премер и катастар во Струмица и кандидат за член на Советот на општина Струмица на 12 место на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

Поткупот од 600 евра на Гоцевски, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ владееле со закани и уцени сеејќи страв кај земјоделците кои биле принудувани да даваат поткуп на партиски и државни функционери, тогашни тимски играчи на Груевски, а сега на Мицкоски.

Но ова потврдува и дека ништо не е сменето во партијата предводена од Мицкоски.

Гоцевски е фатен со обележани пари, а нема притвор. Зошто е различен овој случај од други такви познати во обвинителската пракса? Кој го штити Игор Гоцевски?

Дали со НЕодредувањето мерка – притвор на лицето му се дава можност слободно да продолжи со други можни злоупотреби, користејќи го службеното возило, судејќи по фотографијата од вчера, за партиски или други можни криминални цели, дали е задолжен за службеното возило?

СДСМ ги повикува институциите да постапат одговорно и професионално во случајот со примениот поткуп на партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, но и да проверат дали постојат и други земјоделци- жртви на криминалците на Мицкоски.

Ги охрабруваме граѓаните да ги пријават сите државни службеници кои ќе се обидат да им изнудат поткуп или ќе ги уценуваат на каков било начин, без разлика дали се или не се функционери на партии. Со падот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ заврши ерата на криминално и коруптивно владеење и затоа нема да дозволиме заради алчни лични и партиски интереси да се загрозува слободата и правото на државна парична помош за ниту еден земјоделец.

СДСМ е одлучна во борбата против криминалот, денес правната држава функционира, а законите важат за сите подеднакво.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те струмички студенти

Во Струмица одбележана 69-годишнината од убиството на 5-те с…

Авг 13, 2020 Вести

69 години од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот ...

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зоран Заев од СДСМ за состав на Влада

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на Зора…

Авг 13, 2020 Вести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска му го врачи мандатот на Зоран Заев, лидер на СДСМ, кои како Коалиција „Можеме“ освоија најмногу пратеници на ...

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во моментот активни се 31 лице

Четворица струмичани нови позитивни случаи на ковид-19, во м…

Авг 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19. Четворица...

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Реализирана сообраќајно-воспитно едукативна кампања „ВОЗИ ОД…

Авг 12, 2020 Вести

На плоштадот „Гоце Делчев" и на Булеварот „Маршал Тито" во Струмица, претставници од СВР Струмица и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на ...

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да ги уплаќаат во наплатните пунктови во Струмица

„Комуналец“ им препорачува на граѓаните сметките за вода да …

Авг 12, 2020 Вести

Поради заштита на уплатите од сметките за вода и избегнување на несакани компликации од затворање на една од банките во државата од страна на НБМ, ЈПК...

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите кули, некои со велосипед, некои пеш

Стотина граѓани синоќа рекреативно се искачија на Царевите к…

Авг 12, 2020 Вести

Околу стотина посетители синоќа рекреативно се искачија на еден од најпознатите локалитети во Струмица - Цареви кули. Најголемиот симбол на градот и г...

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица и еден од Вељуса

Двајца новозаразени струмичани со ковид-19, еден од Струмица…

Авг 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 139 нови случаи со ковид-19 од направените 1627 тестови, меѓу нив и д...

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки“, кажа Јаневски отворајќи ја 57-та Струмичка ликовна колонија

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот с…

Авг 11, 2020 Вести

„Уметноста живее и треба да живее дури и тогаш кога светот се соочува со пречки кои го менуваат нормалниот тек на живеење. Во ова време - невреме кога...