Десет нови случаи на коронавирус, почина еден пациент

Вторник, 12 Мај 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше за најновата состојба со коронавирусот во земјава.

„Денеска се регистрирани пет оздравени пациенти, во Скопје и во Неготино. Потврдени се десет нови случаи, во Скопје - 6, Куманово - 2, Прилеп и во Велес по еден новодијагностициран пациент. На Инфективната клиника, за жал има еден починат пациент од Делчево на 60-годишна возраст со други придружни малигни болести. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја, од почетокот изнесува 1.674, оздравени 1.205, починати 92 и активни пациенти во овој момент 377 лица“, кажа министерот Филипче.

Тој посочи дека, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во изминатите 24 часа се примени тројца нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 41, во ГОБ „8-ми Септември“ хоспитализирани се 13 нови, а вкупно 25 пациенти. На инфективните одделенија во Битола, Штип, Прилеп, Велес, Куманово, Тетово и Охрид се хоспитализирани 64 пациенти.

„Во изминатите 24 часа се направени 189 тестирања и во однос на тестирањата, на бројката на тестови, дозволете уште еднаш да ги отфрлам шпекулациите дека има некаква причина или дека тенденциозно се намалува бројот на тестирања. Тоа не е така, факт е дека значително е намалена бројката на направени тестови, заради тоа што нема доволен број пациенти кои имаат симптоми и кои имаат вистинска индикација за тестирање, а тоа е тоа, што сакавме да го постигнеме. Само еден мал процент од капацитетот на системот „Мој Термин“ е исполнет и поради тоа што сега во овој период имаме слободни капацитети во лабораториите и веќе од утре, почнува скринингот на одредени критични категории. Ќе почнеме со вработените во градинките, тие се близу 2.000, со цел паралелно со процесот кој се прави на изготвување на протоколот за работа на градинките, тие да се стават во функција“ - истакна министерот Филипче.

Во однос на епидемијата, министерот Филипче изрази задоволство што бројот на оздравени пациенти секојдневно расте. Од вкупниот број потврдени случаи, оздравени се вкупно 1.205, односно 72 проценти. Тој додаде, дека се намалува бројот на смртни случаи, а во моментов има 377 активни случаи, што е 22,5 проценти од вкупниот број на потврдени случаи во земјата.

„Расте бројот и на оздравени здравствени работници. Од вкупно дијагностицираните 242, оздравени се 217, што е близу 90 проценти и со тоа практично се враќаат во нормално функционирање сите установи, од каде се заболените здравствени работници. Воедно расте и бројот на општини кои немаат активни случаи: Дебар, Охрид, Гевгелија, Струмица, Радовиш, Крушево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Виница, Делчево и Кичево“, изјави министерот Филипче.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите средни училишта во Струмица, влез во училишта со маска и без родителите

На 16 и 17 јуни е уписот на новите средношколци во трите сре…

Јун 02, 2020 Вести

Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар ...

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока Маала, Добрашинци, Муртино, Дрвош и Рудник „Огражден“ Хамзали

Утре прекин на електричната енергија во Нова Маала, Висока М…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 3 јуни), во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во ...

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе добијат субвенција до 4.000 денари

За само два дена струмичани купиле 208 велосипеди кои ќе доб…

Јун 02, 2020 Вести

Од општина Струмица информираат дека денеска до 16:00 часот, 208 граѓани поднеле барање за субвенционирање на нов велосипед, по вчерашниот објавен јав...

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Денеска 76 новозаразени, еден починат

Јун 02, 2020 Вести

Во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 52, во Тетово 14, по двајца во Кума...

Хуманитарна помош од  Здружението „Сите заедно можеме“ за граѓаните во Казнено-поправните домови

Хуманитарна помош од Здружението „Сите заедно можеме“ за гр…

Јун 02, 2020 Вести

Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ од Струмица после акциите за донација на хуманитарни пакети за ранливите групи граѓани почна со реализација...

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Ново Коњарево, Бајково и Граничен премин

Прекин на електричната енергија во Ново Село, Самоилово, Нов…

Јун 02, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (вторник, 2 јуни), од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во н...

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се ослободи од режимските пранги на ДПМНЕ

Даскаловски: На 1 јуни 2017 година, Владата на Илинденска се…

Јун 01, 2020 Вести

Претседателот на Општинската организација на СДСМ во Струмица, Марјан Даскаловски на прес конференција потсети дека се навршија три години откако СДСМ...

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓаните за купување нов велосипед, по објавата на повикот за само неколку часа 52 струмичани си купиле велосипед

Со 800.000 денари општина Струмица ќе ги субвенционира граѓа…

Јун 01, 2020 Вести

Градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше дека од општинскиот буџет се одвоени 800.000 денари за субвенционирање на граѓаните ко...