Испечатете ја страната

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Четврток, 28 Мај 2020

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9.000, односно 3.000 денари ќе ги добијат на посебните сметки најдоцна до 3 јули и ќе мора истите да ги потрошат до 31-ви јули.

Според уредбата за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, деловните банки откако ќе биде објавена конечната листа на корисници на финансиска поддршка во најкус можен рок ќе треба до 3 јули да им ги префрли парите на граѓаните на нивните сметки, а доколку до 31 јули не се потрошат, автоматски непотрошените средства се враќаат во државниот буџет.

Социјалните случаи и невработените ќе добијат еднократна финансиска поддршка во износ од 9.000 денари по лице. Работниците со ниски примања ќе добијат 3.000 денари, додека средношколците не помлади од 16 години и студентите не постари од 29 години  ќе добијат износ од 3.000 денари. Здравствените работници кои учествувале во тестирање и дијагностицирање на граѓани заболени од COVID-19 и нивно лекување ќе добијат еднократна финансиска поддршка во висина на 40% од износот на последната пресметана основна нето плата на секој работник одделно.

Генералниот секретаријат на Владата во наредните пет дена, односно веќе следната недела на деловните банки со кои ќе биде постигнат договор ќе им биде доставена конечната листа на корисниците за на истите да им бидат изработени платежните картички. 

Истовремено конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за името и презимето на корисникот и банката издавач на платежната картичка ќе биде објавена на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Секој корисник ќе треба да потпише согласност кај деловната банка, а тоа самостојно ќе можат да го направат и малолетниците кои имаат лична карта или пасош. Корисниците внесувајќи го својот матичен број на интернет страната www.kupuvamdomasno.gov.mk со безбедносен (HTTPS) протокол ќе може да проверат во која банка издавач ќе му биде издадена платежната картичка и висината на финансиската поддршка.

Банката издадената платежна картичка ја доставува на адресата на живеење на лицето корисник на финансиска поддршка од листата преку пошта. За лицата кои имаат блокирани сметки, банката ќе отвори посебна сметка.

Трговците ќе мора да обезбедат посебно обележани рафтови и гондоли со ознаката „КУПУВАМ ДОМАШНО“ на кои ќе бидат изложени македонски производи за продажба на лицата - корисници. И во оn-line продажбата ќе мора посебно да се издвојат и истакнат македонските производи и услуги. Во спротивно ќе седува глоба во износ од 100 до 500 за микро трговец, од 300 до 1.000 евра за мал трговец, од 1.000 до 3.000 евра за среден  и гоем трговец. Казни од 100 до 500 евра ќе има и за одговорните лица.

Со картичките ќе може да се плаќа во објекти за сместување, хотели, кампови, ресторани, кафулиња, во трговијата на мало, во аптеките, туристичките агенции, на тезгите и пазарите, фризерските салони и слично.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...