Почнаа уписите за првачиња, во општина Струмица се планираат 837 нови ученици во деветте основни училишта

Среда, 03 Јуни 2020

Од понеделникот во сите основни училишта на територијата на општина Струмица, како и во целата држава започна уписот во прво одделение за учебната 2020/2021 година и ќе трае се до 30 јуни.

Во деветте основни училишта во општина Струмица, според матичната книга на родените во 2014 година и јануари 2015 година, се планира да се запишат 837 првачиња, од кои 559 во четирите основни училишта во градот Струмица.

Од Одделението за образование при Општина Струмица велат дека иако планираната бројка е околу 800 деца за упис во прво одделение, со стартот на учебната година таа бројка се движи на околу 600 запишани првачиња, бидејќи голем број деца во периодот од раѓање, па до денес се исселиле со своите родители во странство или во друга општина во нашата држава.

При запишувањето на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примени задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежната здравствена установа.

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми неодамна апелираше до родителите да ги вакцинираат децата, бидејќи според одлуката на Владата за примање на документите за упис на првачиња, ќе бидат запишани само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини.

При посета на училиштето за упис, додека детето прваче е во придружба на еден од родителите, на другиот не му е дозволено да присуствува на тестирањето и мора да остане надвор. На влезот, задолжителна дезинфекција на обувките и рацете за секој кој влегува во училиштето.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...