Струмица цели да биде велосипедски град

Среда, 03 Јуни 2020

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, најави дека општината ќе работи на подобрување на велосипедската инфраструктура, промовирање на велосипедизмот и поттикнување на свеста за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

„Една од визиите за развој на нашата општина е и визијата нашиот град пријателски да биде концепиран кон употребата на велосипеди во секојдневниот живот, и како транспортно средство и како пријателски расположено средство кон природата и кон здравјето на граѓаните“, кажа Јаневски на прес-конференција во понеделникот, додавајќи дека „ваквите заложби се веќе вградени и во стратешките цели и планови за развивање на општина Струмица“.

Денеска во светот се одбележува Светскиот ден на велосипедот. Во Струмица, освен честитките од велосипедските клубови немаше активности по повод овој ден, но темата е актуелна деновиве откако општината објави дека ќе субвенционира купување на велосипеди. Граѓаните на општината се одзваа и за три дена купија и побараа субвенции за 229 велосипеди.

Каква е тековната велосипедска инфраструктура на терен?

Во градот Струмица на некои од главните улици постојат велосипедски патеки, но нивната ефикасност е под знак прашање. Поради тоа што се наоѓаат на тротоарите и се одделени од истите само со линии во жолта боја, велосипедските патеки постојано се узурпирани од пешаците или од паркирани возила, така што возењето велосипед на истите претставува предизвик отколку олеснување.

Јаневски вели дека една од заложбите на општината е бележење и изградба на инфраструктура која треба да биде поволна и употреблива за велосипедистите, посочувајќи дека веќе во голем дел е изготвена проектно-техничка документација за повеќе километри на велосипедска инфраструктура, и за урбаниот дел, и за блиските ридско-планински патеки.

Од ЗСК Југоисток, спортски клуб кој меѓу другото го промовира и велосипедизмот, сметаат дека на Струмица ѝ фали мрежа на велосипедска инфраструктура. Од таму велат дека за безбедност на велосипедистите потребно е да се изградат одвоени ленти, патеки кои ќе бидат надвор од коловозните ленти. Со создавањето на овие услови од клубот сметаат дека граѓаните ќе се охрабрат за овој алтернативен превоз.

„Што се однесува на велосипедската инфраструктура, мислиме дека во Струмица многу е важно да се изработи една таква мрежа, план на велосипедска инфраструктура која ќе им служи на велосипедистите кои ги има во сè поголем број и заради нивна безбедност потребно е создавање на такви услови - одвоени ленти, патеки кои ќе бидат надвор од коловозните ленти. Со тоа ќе се охрабри овој алтернативен начин на превоз кој е пред сè еколошки и одржлив“, велат од ЗСК Југоисток за Радио СтрумицаНет.

„Респект кон велосипедистите“

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека општината работи на подигање на свеста на граѓаните за почитување на односот кон велосипедистите и нивната безбедност.

Велосипедистите оценуваат дека односот кон нив во сообраќајот е на ниско ниво. Тие се загрижени дека резултат на тоа се зачестените сообраќајни инциденти во кои се инволвирани велосипедисти.

„За жал, нивото на свест и почитта кон велосипедистите е на многу ниско ниво во нашето општество. Резултат на тоа се честите сообраќајни несреќи. За сето тоа да се подобри мислам дека треба да се вклучат повеќе фактори од општеството, да се работи активно на подигнување на јавната свест, сè со цел поголема безбедност на велосипедистите“, вели Благородна Атанасова, која е претседател на ЗСК Југоисток.

„Мене искрено, излегувањето во градот со велосипед ми е ноќна мора, поради целиот тој хаос со кој морам да се соочам, наместо да уживам и да се релаксирам додека си ги вршам обврските. Заради тоа, планинскиот велосипедизам е мојата пасија и мојот избор, кој е далеку од градот“, додава Атанасова.

Општина Струмица ќе работи на стимулирање на струмичани велосипедот да го користат што е можно повеќе

Општината ќе го промовира велосипедот како прифатливо превозно средство за струмичани. Дел од причините кои градоначалникот Јаневски ги наведе се заштита на природата, велосипедот како економично превозно средство и средство кое добро делува и на здравјето на граѓаните.

„Се базираат овие стратегии на неколку студии кои веќе во Европа се познати, а кои се однесуваат на анализи дека урбани движења кои се пократки од 5 километри се најпогодни за одвивање со велосипеди, и тоа многу од европските земји го практикуваат, јас се надевам дека и Струмица ќе биде една од општините која сè повеќе ќе напредува во овој правец“, смета градоначалникот Јаневски.

Како дел од активностите на општината за промовирање на велосипедизмот, во понеделникот започнаа субвенциите за граѓаните за купување на велосипеди, со тоа што општината плаќа половина од цената на велосипедот, најмногу до 4.000 денари.

Истиот ден кога беше објавен јавниот повик за субвенциите, општината извести дека до 16:00 часот 52 струмичани купиле велосипед и поднеле барање. Наредниот ден до општината веќе беа пристигнати над 200 барања за субвенција. Општината денеска, на третиот ден од повикот, соопшти дека се потрошија паричните средства од 800.000 денари кои ги оддели за оваа намена, и вкупно 229 граѓани ќе добијат субвенции.

Ќе се градат два вело паркови, во Градскиот парк во Струмица и на ридско подрачје

На прес-конференцијата во понеделникот, градоначалникот Јаневски соопшти дека се работи на проектирање на забавни паркови за велосипеди, популарно наречени памп трак или вело паркови.

Јаневски вели дека општината веќе има одредено неколку локации каде треба да се изградат овие вело паркови, од кои едниот ќе биде во околината на Градскиот парк во Струмица, а другиот ќе се наоѓа на ридско подрачје.

К.Ѓ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...