Испечатете ја страната

Струмица цели да биде велосипедски град

Среда, 03 Јуни 2020

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, најави дека општината ќе работи на подобрување на велосипедската инфраструктура, промовирање на велосипедизмот и поттикнување на свеста за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

„Една од визиите за развој на нашата општина е и визијата нашиот град пријателски да биде концепиран кон употребата на велосипеди во секојдневниот живот, и како транспортно средство и како пријателски расположено средство кон природата и кон здравјето на граѓаните“, кажа Јаневски на прес-конференција во понеделникот, додавајќи дека „ваквите заложби се веќе вградени и во стратешките цели и планови за развивање на општина Струмица“.

Денеска во светот се одбележува Светскиот ден на велосипедот. Во Струмица, освен честитките од велосипедските клубови немаше активности по повод овој ден, но темата е актуелна деновиве откако општината објави дека ќе субвенционира купување на велосипеди. Граѓаните на општината се одзваа и за три дена купија и побараа субвенции за 229 велосипеди.

Каква е тековната велосипедска инфраструктура на терен?

Во градот Струмица на некои од главните улици постојат велосипедски патеки, но нивната ефикасност е под знак прашање. Поради тоа што се наоѓаат на тротоарите и се одделени од истите само со линии во жолта боја, велосипедските патеки постојано се узурпирани од пешаците или од паркирани возила, така што возењето велосипед на истите претставува предизвик отколку олеснување.

Јаневски вели дека една од заложбите на општината е бележење и изградба на инфраструктура која треба да биде поволна и употреблива за велосипедистите, посочувајќи дека веќе во голем дел е изготвена проектно-техничка документација за повеќе километри на велосипедска инфраструктура, и за урбаниот дел, и за блиските ридско-планински патеки.

Од ЗСК Југоисток, спортски клуб кој меѓу другото го промовира и велосипедизмот, сметаат дека на Струмица ѝ фали мрежа на велосипедска инфраструктура. Од таму велат дека за безбедност на велосипедистите потребно е да се изградат одвоени ленти, патеки кои ќе бидат надвор од коловозните ленти. Со создавањето на овие услови од клубот сметаат дека граѓаните ќе се охрабрат за овој алтернативен превоз.

„Што се однесува на велосипедската инфраструктура, мислиме дека во Струмица многу е важно да се изработи една таква мрежа, план на велосипедска инфраструктура која ќе им служи на велосипедистите кои ги има во сè поголем број и заради нивна безбедност потребно е создавање на такви услови - одвоени ленти, патеки кои ќе бидат надвор од коловозните ленти. Со тоа ќе се охрабри овој алтернативен начин на превоз кој е пред сè еколошки и одржлив“, велат од ЗСК Југоисток за Радио СтрумицаНет.

„Респект кон велосипедистите“

Градоначалникот Коста Јаневски рече дека општината работи на подигање на свеста на граѓаните за почитување на односот кон велосипедистите и нивната безбедност.

Велосипедистите оценуваат дека односот кон нив во сообраќајот е на ниско ниво. Тие се загрижени дека резултат на тоа се зачестените сообраќајни инциденти во кои се инволвирани велосипедисти.

„За жал, нивото на свест и почитта кон велосипедистите е на многу ниско ниво во нашето општество. Резултат на тоа се честите сообраќајни несреќи. За сето тоа да се подобри мислам дека треба да се вклучат повеќе фактори од општеството, да се работи активно на подигнување на јавната свест, сè со цел поголема безбедност на велосипедистите“, вели Благородна Атанасова, која е претседател на ЗСК Југоисток.

„Мене искрено, излегувањето во градот со велосипед ми е ноќна мора, поради целиот тој хаос со кој морам да се соочам, наместо да уживам и да се релаксирам додека си ги вршам обврските. Заради тоа, планинскиот велосипедизам е мојата пасија и мојот избор, кој е далеку од градот“, додава Атанасова.

Општина Струмица ќе работи на стимулирање на струмичани велосипедот да го користат што е можно повеќе

Општината ќе го промовира велосипедот како прифатливо превозно средство за струмичани. Дел од причините кои градоначалникот Јаневски ги наведе се заштита на природата, велосипедот како економично превозно средство и средство кое добро делува и на здравјето на граѓаните.

„Се базираат овие стратегии на неколку студии кои веќе во Европа се познати, а кои се однесуваат на анализи дека урбани движења кои се пократки од 5 километри се најпогодни за одвивање со велосипеди, и тоа многу од европските земји го практикуваат, јас се надевам дека и Струмица ќе биде една од општините која сè повеќе ќе напредува во овој правец“, смета градоначалникот Јаневски.

Како дел од активностите на општината за промовирање на велосипедизмот, во понеделникот започнаа субвенциите за граѓаните за купување на велосипеди, со тоа што општината плаќа половина од цената на велосипедот, најмногу до 4.000 денари.

Истиот ден кога беше објавен јавниот повик за субвенциите, општината извести дека до 16:00 часот 52 струмичани купиле велосипед и поднеле барање. Наредниот ден до општината веќе беа пристигнати над 200 барања за субвенција. Општината денеска, на третиот ден од повикот, соопшти дека се потрошија паричните средства од 800.000 денари кои ги оддели за оваа намена, и вкупно 229 граѓани ќе добијат субвенции.

Ќе се градат два вело паркови, во Градскиот парк во Струмица и на ридско подрачје

На прес-конференцијата во понеделникот, градоначалникот Јаневски соопшти дека се работи на проектирање на забавни паркови за велосипеди, популарно наречени памп трак или вело паркови.

Јаневски вели дека општината веќе има одредено неколку локации каде треба да се изградат овие вело паркови, од кои едниот ќе биде во околината на Градскиот парк во Струмица, а другиот ќе се наоѓа на ридско подрачје.

К.Ѓ.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела држава

Четири нови случаи со ковид-19 во Струмица од 48-те во цела …

Сеп 28, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19 од кои четворица новозаболени и во Струмица. Починале ч...

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Реп…

Сеп 25, 2020 Вести

Се подготвува теренот за покривање на поројот „Крушевска Република“. Општината Струмица најпрво ги започна градежните активности за решавање на пробле...

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови случаи

Двајца струмичани со ковид-19 починаа, Струмица со 11 нови с…

Сеп 25, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направените 1504 тестирања, регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19, меѓу кои ...

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку Филтер станицата ќе имат прекин на водоснабдувањето од 6 до 17 часот

Утре жителите во општината Босилово кои користат вода преку …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека утре (петок, 25 септември), поради чистење на резервоарите на Филтер станицата „Иловица“, ќе има преки...

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на Буџетот за тековната 2020 година

Советот на општина Струмица направи измена и дополнување на …

Сеп 24, 2020 Вести

Денеска се одржа 39-та седница на Советот на општина Струмица на која што беше усвоена предлог-одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина ...

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во Струмица, денеска 14 нови случаи

Продолжува да расте бројката на новозаболени со ковид-19 во …

Сеп 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 58 лица, па следува Струмица со 1...

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна презентација

Ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, во петок јавна …

Сеп 24, 2020 Вести

Јавното претпријатие за државни патишта ќе гради експресен пат Струмица – Валандово, спој со А1 во должина од 25 километри. Во петок, 25 септември, с...

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира во Уметничка галерија

Некогашната скривница на плоштадот во Струмица се адаптира в…

Сеп 23, 2020 Вести

Започна со реализација проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се врши на просторот под градскиот плош...