ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - денот кога ја презеле власта во Македонија

Среда, 03 Јуни 2020

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција на прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на струмичкото СДСМ.

СДС три дена го прославува „големиот празник“ - денот кога ја презеле власта во Македонија. Слушнавме што може да кажат дури и кога самите не веруваат во кажаното. Доволно е да си ги прегледат коментарите од граѓаните на сопствените профили по социјалните мрежи и да сфатат дека нивната приказна е: ЗАВРШЕНА – стои во писмената реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

На „големиот ден“ кога дојдоа на власт во Собранието самите гласаа со две раце. Од тој ден Уставот беше згазен, започнаа срамните национални предавства, а резултатот: датумот за преговори се уште не го знаат.

Во настапите пак, јасно кажуваат дека имаат уште многу за „давање“ само за да се задржат на власт. Се зафатија со апсења и прогони на опозицијата, нерасчистени застрашувачки случаи, уништување на бизниси и животи. Создадоа мали и лажни опозициски партии со што на крај меѓународните институции нивниот режим го нарекоа Хибриден.

Правниот систем кој го „отворија како пупка“ самите си го нарекоа „трас – трас“ судство. Економијата пред изборите наводно „блескаше“, а сега самите изјавуваат дека во буџетот фалат две милијарди. Тендери, чудни фирми и иновации, рекети и торби со пари се нивниот економски бренд. Тоа е се што тие знаат за финансии, економија и стопанство.

Во еден од нивните мандати оставија 200.000 сограѓани на улица заради нивата срамна приватизација. Па сега ете тие се оние кои обезбедуват наводно социјална помош, пензии и помош за стечајни работници.

Социјалната помош ја покачиле за 300 проценти и замислете: пак не се доволно за преживување на примателите. Тоа е иронијата на нивната социјална политика. Земјоделието градено со децении го уништија во само еден мандат.

Младите мислат како да ја напуштат земјата како никогаш порано. А, ветуваа дека ќе се вратат сите кои ја напуштија татковината. Иако знаеме дека СДС од секогаш работи против нашата дијаспора.

СДС направила план како да ја задржи власта со помош на корона кризата. Со Министерот Филипче правеа телевизиско шоу во кој парадираа сите додека граѓаните седеа дома и гледаа. Но направија грешка. Ковид-19 не е тема на која може да се собират поени.

Здравството на СДС со целата корупција, заборавените проекти за клинички центри, запоставен медициски персонал се најслабата карика на власта на СДС. Затоа имавме целосен хаос во текот на корона кризата, огромен број на луѓе кои настрадаа само затоа што слабо се тестираше. „Кривата“ беше исправена, болничките капацитети слободни, ама граѓаните умираа на пат кон болиците или пак, посмртно се констатираше нивната болест.

КОНЕЧНО, кога видоа дека создале огромен бран на незадоволство и дека граѓаните ќе им се одмаздат креираат нова ситуација. Избори во услови на корона. И запнаа да делат флаери на денови кога има по стотина заразени и иако самите се позитивни. Нивните функционери всушност беа први протагонисти на кризата, а сега од партијата си направија кластер на корона. Функционери кои законски не треба да се партиски активисти, делат флаери на пензионери во парк, а потоа испаѓа дека се позитивни на Ковид-19.

Значи откако видоа дека малите лажни опозиционери и пајтон партии нема да му земат гласови на ВМРО-ДПМНЕ, сега во игра е нова шема: Корона избори. Да се заплашат независните гласачи да излезат на гласање. Активистите на другите партии да не можат да ги посетат граѓаните ниту пак кандидатите да се претстават доволно, додека СДС дели пакети.

Значи, не е важно кој и како може да се зарази со Корона, најважно е неуспешната СДС водена од Заев да го намали поразот на изборите. СДС сака уште еднаш да гласа „со две раце“, како оној славен 1 јуни 2017. Досега добија реакција од народот, од Европа и светот и тој план нема да го реализират повторно. ВМРО-ДПМНЕ бара здрави, слободни, фер и демократски избори за да и докаже како со љубов се управува нашата татковина Македонија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, маке…

Јул 09, 2020 Избори 2020

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите, кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Из...

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се случи синоќа на раскрсницата кон Раборци

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се…

Јул 09, 2020 Вести

Синоќа во 20:45 часот на регионален пат Валандово – Струмица, пред раскрсницата за село Раборци, товарно возило „Мерцедес Спринтер“, со битолски регис...

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум мигранти се повредени, возачот кој ги превезувал мигрантите е во бегство

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум ми…

Јул 08, 2020 Вести

Портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска вечерва информираше дека околу 20:50 часот на магистралниот пат Струмица - Валандово, кај Раборска р...

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти излета од патот

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти…

Јул 08, 2020 Вести

Вечерва околу 21:30 часот на патот Струмица – Валандово, кај Тркања, патничко товарно возило од засега непознати причини излетало од патот и се преврт...

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и негување на културата и уметноста

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Иманентен фактор на идентитетот и развој на секоја држава е Културата. Таа е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. За ж...

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си позборуваме, да ја претставиме нашата програма и да си дадеме ветување

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си по…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Драги сограѓани, ние не сме излегле да одиме по град и села за џабе. Нашиот народ си има мака. Младите заминуват, земјоделците пропаѓаат, здравството...

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Стојан Велков секојдневно протестира против рудникот Иловица-Штука

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Сто…

Јул 08, 2020 Вести

Со транспарент во рацете, струмичкиот актер и активист против отворањето на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука, Стојан Велков-Трн, четврти ден по...

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попречено…

Јул 08, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Златко Стојановски, во денешното свое обраќање вели дека по...