Волонтери на Црвен Крст мереа температура кај патници во возила кои влегуваа во Струмица

Петок, 05 Јуни 2020

Попладнево волонтери од општинската организација на Црвен Крст во Струмица, во форма на превентивна акција, со асистенција од полицијата, ја мереа температурата на патниците во возила кои сообраќаа на влезовите кон градот Струмица и им делеа заштитни маски.

„Целта на оваа превентивна активност е да ја подигнеме свеста на граѓаните и да укажеме на задолжително носење на заштитни маски и почитување на одлуките и препораките од Владата на Република Северна Македонија“, изјави Хризантема Рендевска, портпарол на СВР Струмица и началник на Отсекот за превенција, која со медиумите ја следеше акцијата на пунктот кај влезот од Радовиш.

Додека траеше мерењето температура на патници и делењето маски, секретарката на струмичкиот Црвен Крст, Маријана Тошева, на новинарско прашање одговори дека доколку кај некој од учесниците во сообраќајот се констатира повисока температура истите ќе бидат спроведени во Центарот за јавно здравје.

„Досега мислам дека нема констатирано повисока температура, истите ќе бидат спроведени во Центарот за јавно здравје за да се види дали станува збор за моментално зголемена температура или за корона инфекција“, рече Тошева.

Ваквите превентивни активности се одвиваа на трите влезови кон градот. Рендевска информираше дека со овој вид на превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.

Тошева рече дека заштитните маски кои ги делеа волонтерите се за повеќекратна употреба и се донација од општествено одговорна компанија. Волонтерите истовремено ги информираа граѓаните како правилно се користат заштитните маски.

К.Ѓ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, маке…

Јул 09, 2020 Избори 2020

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите, кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Из...

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се случи синоќа на раскрсницата кон Раборци

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се…

Јул 09, 2020 Вести

Синоќа во 20:45 часот на регионален пат Валандово – Струмица, пред раскрсницата за село Раборци, товарно возило „Мерцедес Спринтер“, со битолски регис...

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум мигранти се повредени, возачот кој ги превезувал мигрантите е во бегство

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум ми…

Јул 08, 2020 Вести

Портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска вечерва информираше дека околу 20:50 часот на магистралниот пат Струмица - Валандово, кај Раборска р...

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти излета од патот

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти…

Јул 08, 2020 Вести

Вечерва околу 21:30 часот на патот Струмица – Валандово, кај Тркања, патничко товарно возило од засега непознати причини излетало од патот и се преврт...

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и негување на културата и уметноста

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Иманентен фактор на идентитетот и развој на секоја држава е Културата. Таа е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. За ж...

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си позборуваме, да ја претставиме нашата програма и да си дадеме ветување

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си по…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Драги сограѓани, ние не сме излегле да одиме по град и села за џабе. Нашиот народ си има мака. Младите заминуват, земјоделците пропаѓаат, здравството...

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Стојан Велков секојдневно протестира против рудникот Иловица-Штука

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Сто…

Јул 08, 2020 Вести

Со транспарент во рацете, струмичкиот актер и активист против отворањето на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука, Стојан Велков-Трн, четврти ден по...

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попречено…

Јул 08, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Златко Стојановски, во денешното свое обраќање вели дека по...