Црвен Крст и полицијата продолжуваат со делење на заштитни маски на фреквентните локации во Струмица

Сабота, 06 Јуни 2020

Струмичката полиција и општинската организација на Црвен Крст во Струмица со координативни активности деновиве ги снабдуваат жителите на овој дел од државата со опрема за заштита од болеста КОВИД-19.

Волонтери на Црвен Крст од Струмица заедно со претставници на струмичката полиција денеска делеа заштитна опрема, како што се маските, на неколку фреквентни локации во градот, поточно во централното градско подрачје и на пазарот „Чешел“.

Волонтерите, исто така, беа опремени со уреди за мерење на телесна температура и ја мереа температурата на граѓаните кои тоа го побараа.

„Денеска во координација со претставници од општинскиот Црвен Крст на Струмица презема една таква превентивна активност со делење на заштитни маски и ракавици и од нивна страна мерење на телесна температура кај граѓаните. Целта на оваа денешна активност е да се подигне свеста кај граѓаните околу почитување на донесените одредби односно носење на заштитна опрема, како што реков носење на заштитни маски и ракавици“, изјави Оливер Ристов, самостоен инспектор во Отсекот за превенција при СВР Струмица.

На булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, една од локациите каде напладне се делеше заштитната опрема, имаше поголема фреквенција на пешаци. Повеќето од нив веќе беа опремени со заштитни маски и истите ги носеа, но на оние кои немаа им приоѓаа волонтерите и ги снабдуваа со потребната заштитна опрема.

„Исто така на граѓаните ги советувавме како правилно да се заштитат и да се придржуваат до мерките за заштита пропишани од Министерството за здравство. Беа поделени над 600 заштитни маски и ракавици, добиени како донација од општествено одговорни фирми во нашата општина“, соопштија од струмичкиот Црвен Крст.

Оливер Ристов од Отсекот за превенција на полицијата рече дека овие превентивни активности ќе се спроведуваат и во натамошниот период и апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и намалување на ширењето на вирусот и носење на заштитна опрема.

К.Ѓ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите

Костадинов: Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, маке…

Јул 09, 2020 Избори 2020

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност денес се признаени од сите, кажа во денешното обраќање кандидатот за пратеник во Из...

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се случи синоќа на раскрсницата кон Раборци

СВР Струмица за превртеното комбе со 50-тина мигранти што се…

Јул 09, 2020 Вести

Синоќа во 20:45 часот на регионален пат Валандово – Струмица, пред раскрсницата за село Раборци, товарно возило „Мерцедес Спринтер“, со битолски регис...

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум мигранти се повредени, возачот кој ги превезувал мигрантите е во бегство

Рендевска: Во сообраќајката кај Раборска раскрсница седум ми…

Јул 08, 2020 Вести

Портпаролот на СВР Струмица, Хризантема Рендевска вечерва информираше дека околу 20:50 часот на магистралниот пат Струмица - Валандово, кај Раборска р...

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти излета од патот

Сообраќајка на патот Струмица – Валандово, комбе со мигранти…

Јул 08, 2020 Вести

Вечерва околу 21:30 часот на патот Струмица – Валандово, кај Тркања, патничко товарно возило од засега непознати причини излетало од патот и се преврт...

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и негување на културата и уметноста

Панова со работници во културата: Се обврзуваме за заштита и…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Иманентен фактор на идентитетот и развој на секоја држава е Културата. Таа е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. За ж...

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си позборуваме, да ја претставиме нашата програма и да си дадеме ветување

Поцкова до жителите на Банско: Ние доаѓаме пред вас да си по…

Јул 08, 2020 Избори 2020

„Драги сограѓани, ние не сме излегле да одиме по град и села за џабе. Нашиот народ си има мака. Младите заминуват, земјоделците пропаѓаат, здравството...

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Стојан Велков секојдневно протестира против рудникот Иловица-Штука

Со молк и транспаренти на плоштадот во Струмица, актерот Сто…

Јул 08, 2020 Вести

Со транспарент во рацете, струмичкиот актер и активист против отворањето на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука, Стојан Велков-Трн, четврти ден по...

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попреченост, СДСМ покажа многу

Златко Стојановски: Во делот на грижа за лицата со попречено…

Јул 08, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Златко Стојановски, во денешното свое обраќање вели дека по...