Претседателот Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба, Парламентарните избори на 15 јули

Понеделник, 15 Јуни 2020

Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава.

Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.

Политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година.

Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на коронавирусот прогласена од Светската здравствена организација.

Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули.

По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес – стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Во таа смисла претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.

Претседателот Пендаровски очекува предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евроатлантската перспектива на земјата.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...