Трите средни училишта во Струмица утрово ги отворија вратите за новите средношколци, рокот за упис продолжен до петок

Вторник, 16 Јуни 2020

Утрово почнаа уписите во прва година средно образование за полуматурнатите од струмичкиот регион. Во трите средни општински училишта во Струмица планирано е да се запишат 1292 нови средношколци, од кои по 374 во СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Димитар Влахов“ и 544 во СОУ „Никола Карев.

Во четирите општини од струмичкиот регион, основното образование го завршија 719 ученици. Во општина Струмица 448 полуматурани, во општина Василево 113, во општина Босилово 89 и во општина Ново Село 69 ученици. Во трите средни училишта во Струмица се очекува упис и на ученици кои го завршија основото образовани во општини од југоисточни регион, како што се Валандово и Берово.

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.

Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 16, 17 и 18 јуни (вторник, среда, четврток) во терминот од 07:00 до 19:00 часот, и на 19 јуни (петок) од 07:00 до 13:00 часот. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 20 јуни. Второто запишување е на 24 и 25 јуни, резултатите ќе бидат објави на 26 јуни, додека третиот упис ќе биде на 29 јуни, а резултатите ќе се објават наредниот ден.

Уписот и приемот на новите средношколци се реализира по строго утврдени правила како мерки за заштита од коронавирусот. Пред влезот на училиштата е поставен пункт каде учениците ги пополнуваат пријавите, а се врши дезинфекција на обувките и рацете. Учениците потоа влегуваат во училишната зграда со заштитна маска во ред со задолжително растојание од 2 метри. На вториот пункт во училиштето ги доставуваат документите, во зависно за која струка сакаат да конкурираат. Родители нема да се пуштат во училиштата, тие ќе можат да ги чекат надвор пред училишната зграда.

Според Зоран Узунов, општински инспектор за образование, уписите се одвиваат во најдобар ред, се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, нема премногу гужва, бидејќи учиниците имат можност до вечерва до 19:00 часот да се пријавуваат во текот на денешниот ден, се до петок до 13:00 часот.

Инаку, во СОУ „Јане Сандански“, според објавениот конкурс за упис во прва година, во Гимназиско образование се планирани 238 ученици распоредени во седум паралелки, додека во Економско-правна и трговска струка, 136 ученици во четири паралелки - економски техничар.

Според конкурсот во СОУ „Димитар Влахов“, можат да бидат примени до 374 ученици во 11 паралелки и тоа: во Земјоделско-ветеринарна струка 170 ученици во пет паралелки, Хемиско-технолошка струка, 102 ученици во три паралелки и во Здравствената струка, 102 ученици во три паралелки.

Во СОУ „Никола Карев“ се планирани 544 ученици во 16 паралелки од кои 136, или четири паралелки за Машинска струка, 68 ученици или две паралелки за Текстилно-кожарска струка, во Електротехничката струка се планира пет паралелки со 170 ученици, во Сообраќајната струка, 68 ученици во две паралелки, во Шумарско-дрвопреработувачката струка 34 ученици и една паралелка и во Градежно-геодетска струка, 68 ученици распоредени во две паралелки.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...