Наесен ќе биде пуштена во употреба новата болница во Струмица, премиерот и министерот за здравство направија обиколка во новиот објект

Сабота, 13 Јуни 2020

Ова есен треба и официјално да почне со работа новиот болнички крак на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица, со површина од 6000 м², кој почна да се гради пред 33 години. Ова го најави премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со министерот за здравство, Венко Филипче извршија увид на новите болнички одделенија и специјалистичките амбуланти со кои струмичката болница ќе стане регионален центар и ќе опслужува околу 200.000 граѓани од Југоисточниот регион.

Директорот на болницата д-р Наќе Гогов, кажа дека новиот болнички крак има капацитет од 85 болнички кревети кои се распоредени во повеќе одделенија што ќе се сместат во новото болничко крило, кое ќе има и 11 операциони сали.

„Во новото крило ќе функционира Ургентниот центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија и во завршна фаза е довршувањето на одделите по општа хирургија, гинекологија и акушерство, офталмологија, оториноларингологија, неонатологија, ортопедија. Ќе има 8 оперативни сали, но и 3 за помали хируршки интервенции“ - кажа д-р Гогов.

Министерот за здравство, Венко Филипче во своето обраќање истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.

„Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга на пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот, покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови“ - потенцираше министерот Филипче.

Од Владата најавија дека во тек е постапката за гасификација на целата болница со што значително ќе се намалат трошоците на овој центар.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници кои се борат со пандемијата

Мурал во дворот на гимназијата за здравствените работници ко…

Сеп 28, 2020 Вести

Лекарка како супер херој насликана на ѕид во дворот на гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица од 16-годишната Јана Мицева, а обоено од средношколци ...