Испечатете ја страната

Панова: Поделба на пакети пред избори за СДСМ е помош, додека за цел нормален свет е поткуп

Среда, 17 Јуни 2020

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните Парламентарни избори закажани за 15 јули, Ели Панова, денеска на прес конференција го повика надлежниот јавен обвинител да каже до каде е со истрагата за делењето на хуманитарните пакети.

Интегрален текст од прес конференцијата:

„Изминува наметнатиот мандат на СДСМ кој остави траги што Македонија нема да ги заборави. Криминал и корупција, рекет и поткуп, заради што нашата држава ги доби најлошите оценки од меѓународните институции.

Пред очите на целата македонска, па и струмичка јавност, пред неколку недели се делеа пакети. Поделба на пакети пред избори за СДСМ е помош, додека за цел нормален свет е поткуп.

Според коментарите и анкетите, ниту граѓаните не веруваат дека станува збор за помош. До денеска македонската јавност се сомнева: постојат ли фактури за поделените пакети, кој ги платил продуктите што се делеа во пакетите, кој ги делеше истите, дали постои регистрирано здружение на денот на делење на пакетите, дали при делењето на пакетите се запазени мерките и правилата за заштита на граѓаните?

Затоа на денешната прес конференција го повикуваме надлежниот јавен обвинител да ја извести јавноста до каде е истрагата со ова случување?

На 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на предвремените Парламентарни избори, и сите случаи на криминал и корупција, рекет и поткуп ќе бидат целосно расчистени“ – кажа Панова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети Тома, нов кум на манифестацијата е Антонио Атанасов од „Мајстор Компани“

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети …

Окт 19, 2020 Вести

Веќе 28 години градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот патрон Свети Тома – заштитникот на градежницит...

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбојкари

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбо…

Окт 18, 2020 Спорт

Две максимални победи од 3:0 за три дена во првите две кола во новиот шампионат за успешен почеток на струмичките одбојкари. ОК „ЏИО Струмица“ на гос...

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица, 83-годишен струмичанец починал

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за ј…

Окт 18, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1853 тестирања, регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 200, Тетово 30, Прилеп 29, Кавадарци 17, К...

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебито за „Шрусбери таун“

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебит…

Окт 18, 2020 Спорт

Македонскиот репрезентативен голман од „Арсенал“, струмичанецот Дејан Илиев, кој е на позајмица во „Шрусбери таун“ и настапува во првата англиска лига...

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча го добива својот нов лик

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоч…

Окт 18, 2020 Вести

Уредувањето на просторот околу манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, кое започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика. Целокупнио...

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва, еден потешко

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва…

Окт 18, 2020 Вести

Вчера околу 07:30 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, кај Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, ...

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безбедно со земјоделски машини“

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безб…

Окт 17, 2020 Вести

Во организација на Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица при Секторот за внатрешни работи во Струмица, а во партнерство со РСБСП, денеска во насе...

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешната Национална кампања „Нахрани 10.000“

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешн…

Окт 17, 2020 Вести

По повод „Неделата на солидарноста“, денеска на 18 локации во шест градови во Македонија, меѓу кои и во Струмица се одржи Националната хуманитарната а...