Началниците на СВР Струмица и градоначалникот на општина Босилово денеска во превентивна акција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

Среда, 17 Јуни 2020

Отсекот за превенција при СВР Струмица во координација со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај - Струмица, а во партнерство со градоначалникот на општина Босилово, денеска реализира превентивна активност против возење под дејство на алкохол насочена кон учесниците во сообраќајот на подрачјето на општина Босилово со делење маички и летоци.

„За прв пат во таквиот вид активности ни се придружува и совесен граѓанин, кој преку донација на маички со аплициран слоган „Никогаш не вози пијан“, сака да упати порака до сите учесници во сообраќајот, да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол, затоа што последиците од непочитувањето можат да бидат катастрофални. Во оваа прилика му искажуваме благодарност за ваквата негова поддршка“ - кажа началникот на СВР Струмица, Васил Тодоров, кој заедно со дополнителниот заменик началник на СВР Струмица, Танчо Пројковски и градоначалникот на општината Босилово, Зоран Зимбаков, беа дел од превентивната акција која се реализира на магистралниот пат А4, Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во реонот на општина Босилово.

Во самата акција се делеа и флаери со содржина изготвена од РСБСП, а кои содржат практични совети за возачите насловени „Биди одговоен возач, никогаш не вози пијан“.

„Целта на оваа акција е превентивна, односно подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот, а посебно кај возачите, да не возат додека се во пијана состојба. Тоа го зборувам, не без причини, бидејќи според сите статистики најголемиот број на сообраќајните несреќи кои се со катастрофални последици се резултат на возачи кои биле во алкохолозирана состојба“ – кажа градоначалникот Зимбаков.

Имајќи го во предвид претстојниот период и зголемената раздвиженост во сообраќајот, Тодоров и Зимбаков апелираа до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни возачи и да ги почитуваат сообраќајните знаци, правила и прописи, потенцирајќи никогаш да не се управува моторно возило под дејство на алкохол.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ во Струмица

Поради дефект без вода се жителите на улицата „Бетовенова“ в…

Окт 01, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради санирање на дефект прекинато е водоснабдувањето на улицата „Бетовенова“ во Струмица. Нормализирање на водо...

Во Моноспитово протестираа родители на ученици оти не им е дозволено на нивните деца да следат настава со физичко присуство

Во Моноспитово протестираа родители на ученици оти не им е д…

Сеп 30, 2020 Вести

Родители на ученици од основното општинско училиште „Борис Трајковски“ во Моноспитово, општина Босилово, го изразија својот револт кон Комисијата која...

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравени пациенти

Струмица денеска со 9 новозаболени од ковид-19 и 14 оздравен…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1697 тестирања, регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19. Најмногу во Скопје 77 лица, а во Струмица 9 нови слу...

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито“ и „Балканска“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Маршал Тито…

Сеп 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 1 октомври), од 08:00 до 09:30 часот ќе биде прекината електричната енергија на улиц...

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак

Вечерва кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пеша…

Сеп 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вечерва околу 20:40 часот на раскрсницата од булеварот „Ленинова“ со улицата „4-ти Јули“, кај ТЦ „Глобал“ во Струмица, автомобил удрил во пешак, жена...

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна година

Општина Струмица: Училиштата подготвени за новата учебна год…

Сеп 29, 2020 Вести

Во скоро сите училишта, во текот на летниот период беа реализирани активности за подобрување на условите за реализација на воспитно-образовниот процес...

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздравени четворица

Еден починат и 11 новозаболени со ковид-19 во Струмица, оздр…

Сеп 29, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19, од кои 11 и во Струмица. Во болнички услови починаа...

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на АРМ, дел од нив се со полесни повреди

На патот Струмица – Штип се преврте автобус со 16 војници на…

Сеп 29, 2020 Вести

Утринава се случи сообраќајна незгода на патот Струмица - Штип, кога се преврте автобус во кој се превезувале 16 војници на АРМ. Како што соопштуваат ...