Дончева: Вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта, ќе продолжи и понатаму

Четврток, 18 Јуни 2020

Вложуваме, градиме, се грижиме. Во инфраструктурата се реализираат проекти како никогаш досега. Дури и во време на оваа криза со глобалната пандемија на Ковид 19 инвестициите во инфраструктурата продолжуваат – кажа на денешната прес конференција, Каролина Дончева, координаторка на Форум на жени и член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ во Струмица.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Вложувањето во градинки и училишта е вложување во нашата младина, иднината на нашата татковина

Во изминатиот период инвестиравме во 44 градинки и објекти за ран детски развој и создадовме услови за квалитетно сместување на 3.000 предучилишни деца. Дополнителни 15 милиони евра се обезбедени за нови инклузивни и енергетски ефикасни градинки кои ќе значат нови 7.500 места за згрижување на деца во градинки.

За само две години се изградија, се обновија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини.

Општина Струмица покажа вистинска грижа за децата од предучилишна возраст. Се реконструираа и прошируваа постоечките сместувачки капацитети, а се изградија и две нови градинки во Куклиш и Муртино, а во изградба е и нова градинка во блокот 36 во поранешната касарна по најсовремени стандарди. Се адаптираа и нови простории за целодневен престој на децата.

Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита. Со социјалната реформа во моментот речиси 33 илјади деца користат детски додаток, а 27 илјади семејства добиваат зголемена социјална помош. Целта на социјалната реформа е намалување на сиромаштијата.

Ги ослободивме од плаќање надоместок за градинка самохраните родители во социјален ризик. Системски го решивме прашањето за бесплатно вклучување во предучилишно образование на децата Роми од семејства во ризик.

Квалитетно предучилишно образование подразбира и мотивиран, стручен кадар и затоа со реформите направивме историско зголемување на платите на воспитувачките за 27% или во просек за 5.744 денари нето износ.

Секое дете заслужува грижа, за негов непречен емоционален и психо-физички развој. Грижата за децата е грижа за нашата иднина, иднината на сегашните и идни генерации. Затоа секој влог во младината, е влог во иднината на сегашните и идни генерации.

Не запираме тука, вложувањето во градинки, центри за детски развој, мали групни домови, училишта ќе продолжи и понатаму.

Се грижиме, за секое дете да расте во подобри услови и подобри можности!

МОЖЕМЕ УШТЕ ПОВЕЌЕ, УШТЕ ПОДОБРО!

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...