Прес конференција на Владимир Ристов, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица

Понеделник, 22 Јуни 2020

Потпретседателот на Унија на млади сили и кандидат за паратеник од Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов, денеска на прес конференција кажа дека СДСМ е со двојни стадарди за младите и биле излажани со ветувањата.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Нашата генерација очекуваше Mакедонија да ја наследи како држава со надмината транзицијата и дел од европското семејство. Наместо тоа, сведоци сме, и самите искусивме проблеми за кои слушавме од претходните генерации.

За само еден мандат СДСМ, ги убеди младите дека нивниот систем е оној на двојните стандарди: Едни згради гушкаа - а другитe не! Едни дрвја бранеа - други сечеа! Еден живот вреди повеќе од друг! Програмата за живот ја исполнија со нереални ветувања, а младите беа излажани од СДСМ! Што ветија, а што не остварија:

- образованието е на најниско ниво, го нема студентскиот град, универзитетите се последни на шангајската листа.

- невработеноста на младите е на највисоко ниво, а наместо ветувањето дека ќе ги вратат младите годишно се повеќе млади се исселуваат.

- проектот за задржување на младите во рурална средина не им успеа.

- не ги донесоа Гугл и Фејсбук, нема нови спортски објекти, нема значајни спортски успеси.

Со лаги и ги кренаа очекувањата на граѓаните и не го остварија ветеното. Заради нив граѓаните ја изгубија довербата во политиката како должност и грижа за заедницата.

После куп лаги од СДСМ упатени кон младите тешко е да се ветува. И сега, пред избори, со ширење на страв, со пополизам и поткуп ги убедуват младите дека нема разлика помеѓу партиите.

Има разлика почитувани млади, СДСМ направи разлика кон двојни и ниски стандарди, додека ВМРО-ДПМНЕ се труди да направи подобра иднина и да изгради доверба.

Затоа на 15 јули токму младите во Македонија ќе покажат дека обновата на татковината е задача на нашата генерација и дека од тој предизвик - нема да се откажеме!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот одговор на прашањето - Кои сме, што сме и која е нашата татковина?

Јаневски: Овој голем ден е најаргументираниот и најсилниот о…

Авг 02, 2020 Вести

По повод 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, денеска во Струмица беше одбележан Денот на Републиката - 2 авг...

Денеска е Свети Илија

Денеска е Свети Илија

Авг 02, 2020 Магазин

Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се ме...

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Синдикатот реагира: Струјата не смее да поскапи

Авг 01, 2020 Вести

Најостро реагираме на скандалозната Одлука на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата за високи 7,4% и бараме истата веднаш да...