Испечатете ја страната

Активистите против рудникот Иловица-Штука со моторизиран протест во Струмица поради пресудата на Управен суд

Сабота, 27 Јуни 2020

Под мотото „Управен суд ја искриви, Виш Управен да ја исправи“ иницијативата против отворање на рудникот Иловица-Штука попладнево организираше протестен караван низ главните улици во Струмица во знак на искажување на незадоволство од пресудата на Управниот суд со која се поништи одлуката на Второстепената комисија за одбивање на дозволата за работа на концесионерот на рудникот, компанијата Еуромакс.

Колони од стотина возила со закачени транспаренти со пораки против отворањето на рудникот и одлуката на Управниот суд и македонски знамиња, движејќи се по две различни маршути, поминаа низ струмичките улици. Моторизираниот караван застана на раскрсницата кај Трговскиот центар „Глобал“ каде иницијаторите одржаа говор.

„Сакаме да ја споделиме нашата загриженост од молкот на Министерството за економија и Јавното правобранителство во поглед на очекуваната жалба до Вишиот управен суд, чии рокови течат со укинувањето на вонредната состојба. Испративме официјални дописи за заеднички состанок и да доставиме дополнителни правни аргументи, но одговор нема. Со оглед дека е изборна кампања, загрижени сме дека ова важно прашање ќе биде оставено на маргините или нема да биде соодветно третирано. Затоа, до 13 јули бараме да се реши проблемот со рудникот и неправдата да ја исправите. Не прифаќаме одложувања. Ако не се реши, ние тогаш ќе објавиме архива на документи со поединци, но и од политички партии кои се инволвирани во целиот процес“, рече Оливера Аризанова-Мансбарт од еколошкото здружение Здрава Котлина.

Владата минатата година го раскина договорот за концесија со компанијата Еуромакс и не даде дозвола за експлоатација на металични минерални суровини.

Активистите кои се против отворањето на рудникот велат дека новата пресуда на Управниот суд е донесена без знаење на јавноста. „Нашите активисти требаше да ја најдат пресудата на канадски сајтови и дури по еден ипол месец, под огромен притисок од јавноста, решија да ја објават на официјалниот сајт на Управниот суд“, рече активистката Милена Зафирова.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Во градинка во Струмица едно дете позитивно на ковид-19

Сеп 17, 2020 Вести

Дете од еден од клоновите на струмичката градинка „Детска радост“ од Струмица е позитивно на тест од коронавирус, потврди за МИА директорот, Васил Буб...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Сеп 17, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, денеска дури 18 нови случаи, еден 44-годишен струмичанец почина

Расте дневната бројка на заразени со ковид-19 во Струмица, д…

Сеп 16, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19, најмногу во Скопје 33 лица, па следува Струмица со 1...

Се издава стан во Скопје

Се издава стан во Скопје

Сеп 16, 2020 Веб Билборд

Се издава стан во Скопје со површина од 40м² во населба Карпош 2, веднаш до Електро, Машински и Технолошки факултет. Подетални информации на: 070 377 ...

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначал…

Сеп 15, 2020 Вести

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболенит...

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има само 8 години

Не девет, туку 13 новозаболени со ковид-19, најмалиот има са…

Сеп 15, 2020 Вести

Нови 13 заболени од Ковид-19 се регистрирани на подрачјето на регионот што го покрива Центарот за јавно здравје во Струмица во изминатото деноноќие, а...

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени од ковид-19, двајца се оздравени

Две лице од Струмица починаа, девет струмичани се заразени о…

Сеп 15, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19. Според денешниот извештај девет лица во Струмица. Почин...

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - Петралинци

22-годишно момче повредено во сообраќајка на патот Дабиле - …

Сеп 15, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека на регионалниот Дабиле – Петралинци, кај Струмица, автомобил „Фолксваген Пасат“, управувано од А.М. (22 години) од Старо Б...