Испечатете ја страната

СВР Струмица со најмногу прекршоци пријавени во текот на изборниот ден

Среда, 15 Јули 2020

Овие Парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на Уставот и на законите. Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните, со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот. Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

„Задоволство ми е и што успеавме во исклучително тешки околности да го дадеме својот максимум да ја обезбедиме безбедноста на овие парламентарни избори“, дополни Чулев.

Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и за мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати.

„Заклучно до 20 часот на сите осум сектори за внатрешни работи денеска од отворањето на гласачките места во 7 часот утрово вкупно беа евидентирани 151 настан, од кој за 31 настан наводите во пријавите по истите не се потврдени. Констатирани се девет прекршоци“, рече Чулев.

Тој додаде дека заради расчистување на настани приведени се осум лица од кои четири за фотографирање на гласачко ливче – три лица за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче.

Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица – вкупно 38 настани, а по 31 во Скопје и Штип, СВР Битола регистрира 23 настани, СВР Куманово 14, СВР Тетово шест и СВР Велес пет, а најмалку односно три настани во Охрид.

Пријавите за настаните во најголем дел се за агитирање вкупно 75, додека 29 за давање поткуп, испишување графити 6, нарушување на јавниот ред и мир 5 настани, фотографирање на гласачко ливче 6, а 7 случаи на попречување на гласачи и два настани настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети Тома, нов кум на манифестацијата е Антонио Атанасов од „Мајстор Компани“

Градежниците од струмичко го чествуваа својот празник Свети …

Окт 19, 2020 Вести

Веќе 28 години градежниците од струмичкиот регион организираат средба и го чествуваат празникот, својот патрон Свети Тома – заштитникот на градежницит...

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбојкари

Две максимални победи од 3:0 за три дена на струмичките одбо…

Окт 18, 2020 Спорт

Две максимални победи од 3:0 за три дена во првите две кола во новиот шампионат за успешен почеток на струмичките одбојкари. ОК „ЏИО Струмица“ на гос...

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица, 83-годишен струмичанец починал

Единаесет новозаболени лица регистрирани преку Центарот за ј…

Окт 18, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направените 1853 тестирања, регистрирани се 428 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 200, Тетово 30, Прилеп 29, Кавадарци 17, К...

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебито за „Шрусбери таун“

ВИДЕО: Струмичанецот Дејан Илиев блескаше во Лондон на дебит…

Окт 18, 2020 Спорт

Македонскиот репрезентативен голман од „Арсенал“, струмичанецот Дејан Илиев, кој е на позајмица во „Шрусбери таун“ и настапува во првата англиска лига...

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоча го добива својот нов лик

Просторот околу Манастирската црква „Свети Леонтиј” во Водоч…

Окт 18, 2020 Вести

Уредувањето на просторот околу манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча, кое започна во месец мај годинава, се врши според планираната динамика. Целокупнио...

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва, еден потешко

Во сообраќајна незгода кај Босилово повредени сечачи на дрва…

Окт 18, 2020 Вести

Вчера околу 07:30 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, кај Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу работна машина за сечење дрва, ...

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безбедно со земјоделски машини“

Струмичката полиција со превентивна акција - „Управувај безб…

Окт 17, 2020 Вести

Во организација на Отсекот за превенција и ПС за БПС Струмица при Секторот за внатрешни работи во Струмица, а во партнерство со РСБСП, денеска во насе...

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешната Национална кампања „Нахрани 10.000“

Здружението „Вера“ собра околу 120 килограми храна во денешн…

Окт 17, 2020 Вести

По повод „Неделата на солидарноста“, денеска на 18 локации во шест градови во Македонија, меѓу кои и во Струмица се одржи Националната хуманитарната а...