Одбојкарскиот репрезентативец Владо Милев се врати во „ЏИО Струмица“

Среда, 22 Јули 2020

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев потпиша договор со матичниот клуб ОК „ЏИО Струмица“ и по 13-годишна интернационална кариера повторно ќе игра во нашиот домашен шампионат.

Покрај тоа што ќе биде големо играчко засилување за најуспешниот тим во последната деценија кај нас, Милев ќе ја извршува и функцијата спортски директор, обидувајќи се да го пренесе своето искуство во исполнувањето на стратешките интереси на клубот.

Откако ја напушти „ЏИО Струмица во 2007 година, Милев ја градеше клупската кариера во 11 клубови во девет земји. Во репрезентативниот сегмент, одбојкарот којшто игра на позиција примач, беше дел од сите успеси на македонскиот национален состав во последните години. Лани Милев имаше одлични бројки во нашето дебитантското учество на европските првенства, во групата во Љубљана, а претходно на неговите гради завршија три сребрени медали од Европската лига во периодот од 2015-та до 2017-та.

Според најавите од „ЏИО Струмица, по ангажманот на 33-годишниот Милев, клубот ќе направи напор да потпише со уште неколкумина репрезентативци, а од претстојната сезона најавува посериозни вложувања во младинските категории преку почетна селекција на таленти од струмичкиот регион и ангажирање тренерски тим којшто ќе се грижи за нивниот развој.

„ЏИО Струмица“ има амбиција да се врати на европската сцена по подолго време, односно да ја искористи можноста за учество во Челенџ купот на ЦЕВ. Според клупскиот рејтинг којшто се гради врз база на резултатите од минатите сезони, македонската одбојка има право на по еден учесник во машка и во женска конкуренција во Челенџ купот, а со специјална дозвола на ЦЕВ постои можност да се пријави уште по една екипа.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат без електрична енергија

Голем број населени места во струмичко утре 4 часа ќе бидат …

Окт 28, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 октомври), од 08:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат населените ...

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури 55 новозаразени

Струмица урива рекорд со нови случаи во едно деноноќие, дури…

Окт 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа од направени 2647 тестирања, регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19. После Скопје, Струмица со најмногу новозаразени, дури ...

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

„Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Стру…

Окт 28, 2020 Вести

Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за...

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

20 нови случаи во Струмица, 628 во Македонија

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2236 тестирања, регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19. Во Скопје најмногу 353, а во Струмица 20 новозаразен...

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел од улиците во градот

Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт …

Окт 27, 2020 Вести

Согласно планираната динамика за оваа тековна година, а по извршените подготовки, Општина Струмица започна со поставување на втор слој асфалт на дел о...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала, Н…

Окт 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 28 октомври), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места...

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...