И Васе Михаилов се враќа во „ЏИО Струмица“

Петок, 24 Јули 2020

Откако ги обезбеди услугите на Владо Милев, „ЏИО Струмица“ потпиша договор со уште еден македонски репрезентативец, Васе Михаилов.

Искусниот, 34-годишен одбојкар, којшто игра на позицијата примач, цела кариера од натпреварувачката 2005-та/2006-та до лани ја мина во својот матичен клуб, а минатата сезона настапуваше за ОК „Вардар“. Само по една година во главниот град, Михаилов реши да се врати во Струмица, преземајќи две улоги. Покрај играчката, тој ќе има обврска да работи и со младите одбојкари во клубот којшто во последната деценија доминираше во македонската одбојка.

Со оглед дека долго беше најдобар играч во домашниот шампионат и во купот, Михаилов постојано го носеше дресот на нашата репрезентација, што значи дека е освојувач на три сребрени медали во Европската лига, а ја заработи и честа да игра на Европското првенство 2019-та, дебитантско за нас.

Со ангажманот на Михаилов, кој ќе биде старо-нов капитен на екипата, а претходно и на Милев, „ЏИО Струмица“ значително ја засили примачката дијагонала пред да се обиде да обезбеди уште неколку звучни имиња во составот. Амбиција на клубот е есенва да се врати на европската сцена со учество во Челенџ купот на ЦЕВ, да биде најсериозен кандидат за освојување на двојната круна кај нас, но и да го засили процесот на создавање квалитетна конкуренција во младинските категории од коишто наскоро би произлегле новите ѕвезди на струмичката и на македонската одбојка.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна дејност ќе добиваaт финансиска помош од 17.410 денари месечно

Занаетчиите, односно физичките лица кои вршат самостојна деј…

Окт 26, 2020 Вести

На денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здра...

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест нови случаи со ковид-19

Денеска во Струмица повеќе оздравени пациенти – 16, а шест н…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од 737 тестирање, 247 нови случаи на ковид-19 во Македонија, од кои 6 тестирани преку Центарот за јавно здравје во Струмица. 16 пациенти од Струмица с...

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни набавки

Струмичанецот Борче Хаџиев е нов директор на Бирото за јавни…

Окт 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Струмичанецот Борче Хаџиев, кој досега ја извршуваше функцијата директор на Фонд за осигурување на депозити, е разрешен од ова функција и е именуван з...

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие починале 22 пациенти од ковид-19

Во Струмица 32 новозаразени, во Македонија во едно деноноќие…

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 1901 тестирања, регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19, од кои 32 и во Струмица. Најмногу во Скопје 271 лице...

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Пораз на „Академија Пандев“ на гости кај „Македонија ЃП“

Окт 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Пораз од 3:1 на струмичкиот прволигаш „Академија Пандев“ во првенствениот натпревар на гостински терен од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“. Стреле...

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

29 новозаболени со ковид-19 во Струмица

Окт 24, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица регистри...

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 легла ќе биде наменет за лекување на ковид пациенти од југоистокот

Првиот спрат од новото крило на струмичката болница со 100 л…

Окт 24, 2020 Вести

„Разговаравме како постепено да се подготви дел од новото крило на болницата, кое е што е целосно опремено со кревети и со централен довод на кислород...

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден починат и 10 оздравени пациенти

Ковид статистика за петок: 23 нови случаи во Струмица, еден …

Окт 23, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Според денешното соопштение од Министерството за здравство, во последните 24 часа од направените 2367 тестирања, регистрирани се 518 нови случаи на ко...