По алармантната состојба со ковид-19 во Струмица, градоначалникот Јаневски имаш состанок со одговорни лица од повеќе институции

Вторник, 15 Септември 2020

Актуелната состојба со ковид-19 во општината Струмица е релативно загрижувачка, имајќи во предвид дека бројот на заболени расте. Факт е дека заболените не се само од повозрасната популација, туку таргет група на заразени се од 15 до 30 години. Ова беше констатирано на денешниот координативен состанок на градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со Петре Витанов, директор на Центарот за јавно здравје, д-р Мери Николова Гичева – епидемиолог, Наќе Гогов директор на ЈЗУ Општата болница Струмица, Жанко Зимбаков, заменик началник на СВР Струмица, Милан Русев, раководител на Центарот за управување со кризи, Марјан Даутовски, раководител на Дирекција за заштита и спасување и Александар Оџаков, секретар на општина Струмица.

На состанокот се разгледувале мерките од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот, базирани на Законот за заштита на население од заразни болести.

Од состанокот е упатен Апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките – задолжително носење маска и одржување физичка дистанца. Одговорното однесување на сите физички и правни лица е клучен фактор за стабилизирање на состојбата и заштита на здравјето.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

    """""""""""""""""""""""""""""""""""""

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациенти

Ковид-19: Струмица со 30 новозаболени и 17 оздравени пациент…

Окт 30, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2748 тестирања, регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 420, во Струмица 30 новозаболени. Починале...

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респиратори од донацијата на НАТО

Инфективното одделение во Струмичката болница ќе добие респи…

Окт 30, 2020 Вести

Шеесет респиратори, во вредност од 1.4 милиони евра денеска стигнаа во земјава, како донација од НАТО Доверителниот фонд. Министерот за здравство, Вен...

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

„СТРУМА МЕБЕЛ“ има потреба од работници

Окт 30, 2020 Веб Билборд

Компанијата „СТРУМА МЕБЕЛ“ од Струмица има потреба од општи работници. Пријавување и подетални информации директно во компанијата која се наоѓа во Инд...

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без електрична енергија

Во понеделник центарот на градот Струмица ќе остане без елек…

Окт 30, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека во понеделник (2 ноември), од 14:00 до 18:00 часот без електрична енергија ќе биде централното градс...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за загадениот воздух во Струмица

ВМРО-ДПМНЕ вечерва протестираше пред општинската зграда за з…

Окт 29, 2020 Вести

Вечерва пред зградата на Општина Струмица симпатизери и членови на струмичкото ВМРО-ДПМНЕ го изразија својот револт од загадениот воздух во Струмица. ...

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 оздравени пациенти

Ковид-19: Двајца струмичани починаа, 27 новозаразени, 14 озд…

Окт 29, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа од направените 2699 тестирања, регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19. Во Струмица 27 новозаразени. Починале 14 пациенти, д...

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Ажурирани протоколите за заштита од КОВИД-19

Окт 29, 2020 Вести

Протоколите што ги опфаќаат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, согласно одлуките на Владата на Република Северна Македонија, с...

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести – задолжително носење маска и на отворено

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од зар…

Окт 28, 2020 Вести

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување в...