Испечатете ја страната

ЖАН ДРВОШАНОВ: Чиста Струмица во првите 100 дена од мандатот

Петок, 01 Октомври 2021

Струмица има сериозни проблеми поради слабото чистење на ѓубрето додека јавното претпријатие има голем број на вработени. Затоа, ние декларираме дека за 100 дена од нашата работа, во нашиот мандат Струмица ќе биде чиста – кажа на денешното обраќање кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов.

Интегрален текст од обраќањето:

Почитувани сограѓани,

Нашата програма е направена во соработка со граѓаните како решение  за конкретни проблеми. Нема да нудиме нереална програма со проекти кои никогаш нема да се остварат.

Општина Струмица е пример за такви програми. Овде власта веќе 16 години ветува но, реално не остварува. Наместо за огромни инвестиции  и за грандиозни проекти, ние сите сме принудени како приоритети да ги бираме основните потреби на граѓаните. Нешто незамисливо за 21 век.

Проблемите се натрупуват врз грбот на граѓаните поради лажните ветувања.

Откако ВМРО-ДПМНЕ со Коалицијата  ќе победи на Локалните избори, приоритет ќе добијат проекти кои навистина ги измачуваат граѓаните.

Намалувањето на цената на вода за пиење е наша важна определ. Струмица е една од општините во кои граѓаните плаќаат многу скапа вода, а комуналните такси се високи. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали цената на водата и  цената на комуналните такси. 

Ресурсите ќе ги направиме еднакво достапни за сите.

Струмица има сериозни проблеми поради слабото чистење на ѓубрето  додека јавното претпријатие има голем број на вработени.

Затоа ние декларираме дека за 100 дена од нашата работа, од нашиот мандат, Струмица ќе биде чиста. Во програмата го предложивме и проектот кого го нарековме „Отпадот има вредност”. Општина Струмица на неколку локации ќе постави вендинг машини за рециклирање.

Конечно во консултација со граѓаните ќе ја разгледаме можноста за формирање на посебна депонија за рециклиран отпад со кој ќе управува посебно претпријатие кое ќе настане по преструктуирањето на ЈПКД „Комуналец“.

Нашите топ проекти се поврзани со најважните проблеми на сограѓаните како поефтина вода и трајно решение за отпадот.

Токму таквиот  реален и чесен пристап кон вистинските проблеми е тоа што прави нашите понудени кадри и програмата да бидат фаворити на овие избори.

Ги повикувам граѓаните на 17-ти Октомври да излезат масовно на изборите и да започне создавањето на нова иднина за Струмица.

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...