Кандидатот за градоначалник Костадин Костадинов денеска го промовираше проектот за изградба на нов и модерен зелен пазар

Сабота, 02 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Костадин Костадинов денеска го промовираше проектот за изградба на нов и модерен зелен пазар.

Интегрален текст од обраќањето на Костадин Костадинов:

Почитувани жители на Струмица,

Дозволете да ве информираме и запознаеме со делот од нашата програма која третира инфраструктурни проекти кои овозможуваат решавање на прашања поврзани со вашето секојдневие.

Градиме нов и модерен зелен пазар!

Планираниот нов зелен пазар ќе обезбеди непречено извршување на непосредната трговија, пред сé. Дополнително, со изградбата на атрактивен и модерен пазаришен простор кој ќе ги содржи сите потребни придружни објекти ќе бидат подобрени условите за експлоатација, како за продавачите така и за купувачите и посетителите. Односно, сите жители на општина Струмица ќе имаат можност да ги користат услугите на пазарот, дел од нив како трговци, а дел како купувачи.

Понудата и продажбата на производите ќе биде организирана во согласност со типот на производите, нивната трајност и други важни параметри за нивен соодветен третман. Едно од најзначајните придобивки на овој проект секако ќе бидат и подобрени санитарни и хигиенски услови за сите корисници на комплексот.

Конкретната локација која ја избираме за изградба на овој нов модерен, зелен пазар е со соодветна намена и во согласност со постоечкиот детален урбанистички план. Нудиме инфраструктурно поврзување на пазарот со градот преку изградба на модерно булеварско решение на потегот од булеварот „Климент Охридски“, кај автобуската станица, што преку ново изградениот мост на реката Водочница ќе се спои со улицата во индустриската зона „Агроберза”.

Со изградбата на оваа нова целина ќе се овозможи подобрена функционалност и употреба на пазарот, заштита на животната средина, како и здравјето на населението во општина Струмица. Проектот кој што го нудиме опфаќа комплетна изградба на нов зелен модерен пазар, со чија реализација ќе се креира простор кој што може функционално да ги задоволи потребите на сите граѓани, подеднакво.

Во одредена фаза од реализација на овој капитален проект предвидена е соодветна дислокација на постоечкиот пазар „Чешел”, за која што локација со нашата програма предвидуваме изградба на струмички боемски парк.

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...