Дрвошанов: На 17-ти октомври во Струмица бројот 7 да значи победа и создавање на нова иднина

Понеделник, 04 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“, Жан Дрвошанов, на вечерашниот митинг во Струмица кажа дека програмата на сегашниот градоначалник во заминување е нереализирана, голем дел остана неостварено од сето што беше ветено, а причината зошто тој не е повторно кандидиран од СДСМ е неговото противење на лошите договори кои оцртале како владее оваа власт, најавувајќи, доколку ја добие поддршката, детална анализа за неодговорното работење на власта во Струмица.

„Мојот противкандидат Костадин Костадинов зборува за образование, а местото кое што е предвидено во урабнистичкиот план за училиште ќе го правел, замислете – боемска улица. Од пазарот наречен „Чешел“, од едно несредено место за продавачи и купувачи, сега ќе направеле боемска улица. Зборува Костадинов и за Старата чаршија, како да струмичани не се сеќаваат дека чаршијата почна да пропаѓа откако се отвори наводно најдобрата инвестиција „Глобал“. А кога веќе сме кај „Глобал“, да потсетиме дека до денеска нема расчистување на причините за пожарот, а тие интензивираат сликање по митинзи“, кажа Дрвошанов.

Тој вели дека еден од приоритетите е Струмица да биде еколошки чиста без диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните.

„Мојот збор пред вас вечерва е силен и означува сигурна реализација на ветеното, сигурно решавање на проблемите. И затоа Ве повикувам да ни се придружите. Да ги посетите вашите пријатели и да ги потсетите дека на 17-ти октомври Струмица и Македонија се пред решавачки избор. На 17-ти октомври во Струмица бројот 7 да значи победа и создавање на нова иднина“, посочи кандидатот за градоначалник, Жан Дрвошанов на митингот во Струмица.

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ВМРО-ДПМНЕ

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...