Даскаловски најави изградба на Дом на одбојката во Струмица

Вторник, 05 Октомври 2021

Носителот на листа за членови на Советот на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Марјан Даскаловски, денеска во своето предизборно обраќање до граѓаните на општина Струмица најави изградба на Дом на одбојката во Струмица, како и две одбојкарски игралишта, куглана, терен за стрелаштво, а „Воениот базен“ ќе биде преадаптиран и прилагоден со нови спортски содржини.

Интегрален текст од обраќањето на Даскаловски:

Драги струмичани, почитувачи на спортот и рекреацијата, почитувани сограѓани.

Струмица има богата спортска историја. Имаме спортисти кои постигнале врвни успеси, како на индивидуален, така и на колективен план. Исто така, имаме и спортски клубови кои запишале врвни спортски резултати.

Сегашноста се гради, а иднината се планира со здрави луѓе. Токму затоа, на сите нас, спортот и рекреацијата треба да ни се инспирација и мотив за чекорење напред. Со нив се постигнуваат врвни спортски резултати, но се унапредува личното и колективното здравје. Токму нашиот град е непресушен извор на спортски таленти и љубители на рекреацијата, нешто кое дава гаранција за спортска иднина.

Во таа насока, нашата програма со сите предвидени проекти фокусирани на спортот има за цел да биде пријател и поддржувач на спортистите и рекреативците во општина Струмица. Затоа, сите заедно како тим, ќе ја одржуваме постојната инфраструктура и секако, ќе работиме на проширување и осовременување на спортските капацитети.

Струмица е одбојкарски и шампионски центар. Има долга традиција на создавање спортски великани и освојување на шампионски титули. Затоа, ќе го направиме најдоброто за сегашните и идните одбојкари. Ќе изградиме Дом на одбојката во Струмица и дополнително, уште две одбојкарски игралишта.

Планирана е куглана, терен за стрелаштво, а имаме цел да ги ставиме во функција напуштените тениски терени. Со нова велосипедско‐рекреативна патека која ќе опфаќа и дел од руралните средини ќе овозможиме на љубителите на велосипедизмот да имаат уште подобри услови за рекреација.

Во рамки на градскиот парк ќе биде поставена тартан подлога и обележана атлетска патека. Планираме изведба на ново, повеќенаменско спортско игралиште на местото на картинг патеката, а „Воениот базен“ ќе биде преадаптиран и прилагоден со нови спортски содржини кои на струмичани ќе им дадат дополнителен поттик за спортување и рекреација.

Како носители на функциите во Локалната самоуправа во општина Струмица ќе ги искористиме сите можности за унапредување и развој на спортот. Струмица била, е и ќе биде град на спортистите и рекреативците.

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...