Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Костадин Костадинов најавува три важни булеварски решенија во Струмица

Четврток, 07 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од СДСМ, Костадин Костадинов најавува три важни булеварски решенија во Струмица.

Интегрален текст од обраќањето на Костадинов:

Почитувани сограѓани, почитувани учесници во сообраќајот од Струмица и околните населени места

Ја користам оваа прилика, од терен и од лице место да го најавам почетокот со реализација на капиталниот инфраструктурен проект ‐ трасата од булеварот „Братство и Единство“ која се протега од тука, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до спојот со главната улица кај „Агроберзата“. Веќе постои проект за изведба на ова булеварско решение со кое е предвиден коловоз со ширина од 7.5 метри во двете насоки и тротоари со ширина од 3 метри, од двете страни. Капиталната вредност на овој зафат претставува и планираната изградба на мост преку река „Водочица“ со вкупен распон од 14,60 метри.

Ова траса, како една од главните сообраќајници во Струмица е важна комуникација во овој дел на градот. Дополнително, од суштинска важност е соодветното сообраќајно уредување на влезот на струмичката меѓуградска автобуска станица.

Втора сериозна градска артерија во овој дел од Струмица за која сме зафатени да ја третираме е трансформација на „Климент Охридски“ во широко габаритен булевар на потегот од кружниот тек кај „Жито Струмица“ до „Терминалот“. Надлежните институции и органи интензивно работат на подготовка на потребната проектна документација за изведба на ова делница од булеварот „Климент Охридски“ со вкупна должина од 1.850 метри која треба да има две коловозни ленти со ширина од 7.5 метри, одвоени со централен, зелен појас со широчина од 2 метри.

Очекувам веднаш по завршување на сите потребни постапки и процедури да започне изведбата на оваа траса.

Дека навистина зборуваме за реални проекти, потврдува и актуелната работа на терен за регулацијата на поројот Свети Илија во чии рамки, во габарит од две сообраќајници паралелни со поројот ќе биде изведен булеварот „23-ти Октомври“.

Со оваа капитална инвестиција инфраструктурно се третира овој дел од град Струмица.

Реализацијата на овие три важни булеварски решенија значи, не само побрз проток на возила и олеснување на движењето низ градот, туку и непречено движење без застои што допринесува за намалување на емисија гасови од автомобилите и директна заштита на животната средина и намалување на загадувањето во нашиот град.

Ете ова е нашиот пристап за континуиран развој и напредок на градот и општината. Од срце, за Струмица!

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...