Костадинов најавува мерки за чист воздух, третман на зелените површини и паркови

Петок, 08 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов во денешното предизборно обраќање до граѓаните на општина Струмица најави мерки за чист воздух, третман на зелените површини и паркови и зафаќање на атмосферските и отпадните води.

Интегрален текст од обраќањето на Костадинов:

Пречистителната станица претставува филтер, срце за населените места кои гравитираа во овој регион и има суштинско значење во одржливиот развој на општина Струмица. Во регионот на населените места Сачево, Муртино и Градско Балдовци, како и Индустриската зона „Сачево“ со актуелниот развоен план на Општина Струмица предвиден е соодветен систем за третман на овие води.

Поточно, фекалните канализациони системи од овие населени места преку изградба на главен фекален колектор ќе се поврзат со Пречистителната станица која е изградена во 2017 година во реонот помеѓу Дабиле и Сачево.

Имаме доминантни цели за екологијата во нашата општина: Мерки за чист воздух, третман на зелените површини и паркови и зафаќање на атмосферските и отпадните води.

Во Струмица се наоѓа еден од најубавите градски паркови. Покрај овие „бели дробови“ редовно се одржуваат уште голем број помали паркови и уредени јавни површини во градот и сите населени места, за кои имаме јасна цел за понатамошно проширување и уредување.

Со ваков активен пристап и тековна изведба на зацртаните програми фокусирани кон екологијата, во континуитет се внимава за подобрување и унапредување на одржливиот развој во општина Струмица.

Од срце, за Струмица!

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...