Даскаловски: Континуирано придонесуваме за развојот на спортот во Струмица

Недела, 10 Октомври 2021

Носителот на кандидатската листа за членови на Советот на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата, Марјан Даскаловски во денешното свое обраќање говореше за развојот на спортот во општина Струмица што го правеше и ќе го прави Локалната самоуправа на Струмица предводена од СДСМ.

Интегрален текст од обраќањето на Даскаловски:

Добар ден и еден голем, спортски поздрав почитувани струмичани!

Сите вие кои ме познавате, знаете дека отсекогаш сум бил активен во спортот. Млад сум во душа и енергичен и знам дека таа кондиција мора да се одржува. Во ист таков манир мора да ја негуваме сликата на Струмица, како град на спортот.

Сум бил активен фудбалер во ФК „Беласица“. Претседател сум на ЛД „Беласица“ и ГК „Партизан“ и многу добро ги познавам предизвиците со кои се соочуваат Управите на клубовите и спортистите кои се дел од нив.

Токму затоа, како претседател на Советот на Општина Струмица, имав чест да бидам дел од реализацијата на серија проекти кои континуирано придонесуваа развојот на спортот во Струмица. Интензивно работевме за доближување на спортот до новите генерации и во оваа насока со поддршка на општината се изгради нова спортска сала во СОУ „Никола Вапцаров“, се асфалтираа спортските игралишта во сeло Муртино и село Просениково и редовно се вршеше обнова на училишните игралишта во градот. Дополнително, целосно беше реконструирано повеќенаменското игралиште со трибина во 4-та Месна заедница, за заедно да ги бодриме нашите спортисти.

Како Локална самоуправа редовно финансиски ги поддржувавме сите спортски клубови во градот, а и поддржувавме повеќе спортски настани, меѓу кои и „Избор на Спортист на годината“.

Сето ова е доказ дека низ годините ги негуваме спортските капацитети и инвестираме во идните успеси. Нашата Струмица има богата спортска историја која е резултат на досега овозможените капацитети. Имаме спортисти и спортски клубови кои постигнале врвни спортски успеси и резултати.

Сето ова е голем завет и обврска, за мене, Советот и за Костадин – со уште поголема сила и елан, со силен спортски дух да ја предводиме победничка, шампионска Струмица. А за најдоброто, ние го имаме најдоброто!

Ова содржина е во рамките на „Платено политичко рекламирање“ - Нарачател: ОО на СДСМ Струмица

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...