Кандидатот за градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов најави изградба на велосипедска патека

Четврток, 14 Октомври 2021

Кандидатот за градоначалник на општина Струмица од Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, Костадин Костадинов во денешното свое обраќање до граѓаните најави изградба на велосипедска патека во Струмица.

Интегрален текст од обраќањето на Костадинов:

Драги струмичани и струмичанки,

Согледувајќи ја потребата од неопходни инфраструктурни зафати, во соработка со ЕУ, Општината реализираше студија за изградба на 7 километри велосипедска патека низ градот. Оваа иницијатива е произлезена како резултат на долгогодишната соработка со големиот број на активни велосипедски здруженија од Струмица.

Сведоци сме на сé поголемиот сообраќаен метеж во градот, како и високата циркулација на автомобили во централното градско подрачје кои создаваат емисии на штетни гасови во воздухот. Она што јас како иден градоначалник ќе го преземам е стимулација на употребата на алтернативни решенија за транспорт, поконкретно употреба на велосипеди.

Оттука, во рамки на нашата програма предвидуваме реализација на велосипедската патека предвидена со студијата. Покрај ова, ќе работиме на едукација на возачите за правилно паркирање на нивните автомобили, со цел непречено движење на велосипедистите. Ќе се фокусираме и на промоција на ваквиот алтернативен транспорт кај учениците, затоа што негувањето на навика за користење на ваков транспорт започнува од мали нозе.

Дополнително, во соработка со „Europe House”, редовно ќе организираме велосипедски паради за подигнување на свеста и информирање за
важноста за користење на велосипеди.

Струмица ќе стане вистински велосипедски град!

А за да го стимулираме ова, дополнително ќе биде овозможено и субвенционирање на велосипеди. Во оваа прилика сакам и да упатам апел до сите вас да ја негуваме свеста за зачувување на животната средина и зачувување на сопственото здравје.

Убавите навики, како возењето велосипед, треба буквално да бидат дел од нашето секојдневие. Ова треба да го правиме и за наше добро, но и за доброто на генерациите после нас.

За најдоброто, од срце, за Струмица!

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...