Даскаловски: Во недела на 17 октомври не се двоумете, гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите

Петок, 15 Октомври 2021

Носителот на листата за членови на Советот на општина Струмица на СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, Марјан Даскаловски на последниот ден од предизборната кампања за Локалните избори со свое обраќање до граѓаните на општина Струмица.

„Почитувани граѓани на општина Струмица, пријатели, симпатизери, другарки и другари

Најдоброто за Општина Струмица е пред Вас. Советничката листа на СДСМ предводена од мене е спој на младост и искуство. Таа најдобро знае како треба да се работи и да им се служи на граѓаните.

Затоа, Ве повикувам во недела да излезете на Вашите гласачки места, да го заокружите бројот 12 за Најдоброто за нашата општина, да покажете уште еднаш како и многу пати досега дека знаете и умеете да ги изберете најдобрите. Да докажете како и досега кој најдобро ја води Општина Струмица.

И на овие избори, како и на многу претходни, ја бараме Вашата доверба да продолжиме со уште поголемо темпо да и служиме на нашата убава Струмица и нашите убави населени места. Во нас секогаш имате партнер кој ќе ги ислуша вашите проблеми, ќе седне заедно со Вас и ќе ги реши.

Струмица и струмичани се победници. Тие знаат кој води напред, кој им помага и кој е секогаш тука кога е најпотребно. Тоа е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата!

Затоа, во недела на 17 октомври не се двоумете. Гласајте за бројот 12, гласајте за најдобрите, гласајте за луѓето кои од срце ја сакаат и ќе работат за Струмица. Најдоброто го носиме ние и затоа одберете го најдоброто.

На 17 октомври да славиме уште една голема победа за Струмица, за нашата држава, за сите нас“ – кажа Марјан Даскаловски, носител на листа за членови на Советот на општина Струмица од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во чест на борбата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица светна во портокалова боја во ч…

Ное 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

„Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш...

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

„НОВА-ЛАБ“ – нов Дијагностички центар во Струмица

Ное 28, 2021 Маркетинг

Во Струмица, во просториите на Дом на Народна техника отворен е нов Дијагностички центар со најсовремена и квалитетна технологија според сите Европски...

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу во Струмица

107 пијани возачи казнети и исклучени од сообраќај, најмногу…

Ное 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Изминатата ноќ полицијата спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македон...

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Автомобил удрил во пешак и му нанел тешки телесни повреди

Ное 27, 2021 Вести

СВР Струмица информира дека синоќа пред 19:00 часот на улицата „Ѓорги Упчев“ во Струмица, патничко моторно возило „Хјундаи Лантра“ со струмички регист...

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

ЦО на СДСМ ја прифати оставката на Заев, на 12 декември ќе с…

Ное 27, 2021 Вести

На 12 декември ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката на лидерот Зоран Зае...

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомобилот „Фолцваген Т-Крос“

На 21 декември „БЕНЗОИЛ“ ќе го извлече добитникот на автомоб…

Ное 26, 2021 Магазин

Финалето од големата Наградна игра на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ се ближи кон крајот. По четирите кола во изминатата година на 21 декември, роденде...

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица

Костадинов: Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија …

Ное 26, 2021 Вести

„Започнавме да ја реализираме најдобрата верзија за нашата општина, како модерна и европска Струмица“, вака градоначалникот Костадин Костадинов ја зап...

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак

Ное 25, 2021 Маркетинг

Најдобрата BLACK FRIDAY понуда е во салоните на Алмак! Купи една и дoбиј ооогромен попуст на втората перница. Изберете модели од асортиманот на D...