Претставници на „Euromax Resources“ и претставници на консултанската фирма „Golder Associates“ од Велика Британија, денеска пред градоначалникот Блажо Велков и администрацијата на Општина Ново Село, го презентираа проектот за рудникот за бакар и злато „Иловица“, кој ќе се протега на териториите на општина Босилово и општина Ново Село.
На презентацијата, која беше и како работен состанок, беше претставен и тимот кој работи на СОВЖССА, а општинската администрација беше запознаена со начинот на изработка на Студијата при што се разменија повеќе информации и коментари, со цел изработување на квалитетна Студија.
Тимот консултанти од „Golder Associates“ и претставниците на „Euromax Resources“, во наредните денови ќе одржат повеќе средби со различни групи на граѓани, односно засегнати страни.