„Костенијада“ над Смоларе

Сабота, 24 Октомври 2015

Печени и варени Смоларски костени, топла ракија, вино и чај, македонски народни песни и ора во живо на „Костенијадата“ над Смоларе

Во прекрасен амбиент на природата, малку студено, но од време на време со сончевите зраци под падините на Беласица, помеѓу селото Смоларе и Смоларскиот водопад, по шести пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2015“.


Печени и варени Смоларски костени, специјалитети од костени, топла ракија, вино и чај, македонски народни песни во живо со Анета Мицевска и група „Молика“, традиционални ора со КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, како и изложба на творби посветени на костенот, изработени од ученици од општина Ново Село, беа дел од „Костенијадата“.


Плодот кој во изобилие расте на планината Беласица, тука има посебно значење. Велат дека последните години се зголемиле површините засадени со костен, кој сега е веќе заштитен белег на жителите од овој крај. Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски подвиг.


Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот Смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за оваа поднебје.


„Костенијадата“ од година во година со се повеќе посетители, која за локалната самоуправа на општина Ново Село, организатор на фестивалот, со оваа манифестација очекува развој на подбеласичките села преку руралниот туризам.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Струмица, но со двајца починати

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Стр…

Апр 19, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравството информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица нема р...

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна творба во поезија и проза на тема „Кула во сонот“

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна тв…

Апр 19, 2021 Вести

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, распиша Конкурс за најдобра литературна творба во поезија и проза на...

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната недела да се отворат летните тераси на угостителите, предлага Главниот координативен кризен штаб

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната…

Апр 19, 2021 Вести

Полицискиот час од 20:00 до 05:00 часот и затворени угостителки објекти да важи и во наредните 7 дена, а од 27 април до 15 мај угостителските објекти ...

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагично загинатата Верица Белчовска

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагичн…

Апр 17, 2021 Вести

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Gulf Oil“ во Македонија ќе донираат 1 милион денари на семејството на Верица Белчовска, кој...

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починала, но нејзиното срце и понатаму чука во 22-годишно момче

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починал…

Апр 17, 2021 Вести

Верица Белчовска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат п...

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната сер…

Апр 16, 2021 Вести

Вечерва во Тетово, одбојкарите на ОК „ЏИО Струмица“ извојуваа уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат над екипата на О...

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите цени за погребални услуги

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите…

Апр 16, 2021 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, денеска на прес конференција ги повика надлежните да интервенираат на е...

Се издава деловен простор од 100 м² во Струмица

Се издава деловен простор од 100 м² во Струмица

Апр 16, 2021 Веб Билборд

Се издава деловен простор од 100 м², спроти хотелот „Илинден“ во Струмица, над Студио „ПРЕСТИЖ“. Просторијата е со излог, санитарен чвор и е погодна з...