„КОСТЕНИЈАДА 2017“ - Фестивал на Смоларски костен

Недела, 05 Ноември 2017

Во прекрасниот амбиент на Комплексот Лебедово езеро, во близина на селото Смолари, по осми пат се одржа Фестивал на Смоларскиот костен „Костенијада 2017“.

Печени смоларски костени, специјалитети од костени, но и традиционални македонски јадења, топла ракија, вино и чај, музика во живо, традиционални ора со КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, како и изложба на творби посветени на костенот, изработени од ученици од општина Ново Село, беа дел од „Костенијадата“.

Плодот кој во изобилие расте на планината Беласица, тука има посебно значење. Денеска домаќинките меѓусебно се натпреваруваат кој ќе направи повкусен кулинарски подвиг. Велат дека Смоларскиот костен добро се продава на пазарите.

Целта на манифестацијата е презентација на повеќе производи направени од надалеку познатиот Смоларски костен, но и на други локални производи, пијалоци, рачни изработки и други кулинарски вештини и етнолошки вредности карактеристични за оваа поднебје.

„Костенијадата“ од година во година со се повеќе посетители, кое за локалната самоуправа на општина Ново Село, организатор на фестивалот, оваа идеја на востановување на ваква манифестација, посветена на Смоларскиот костен, е оправдана. Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев, вели дека како локална самоуправа ќе се погрижат да се негува долгогодишната традиција.

„Денеска печеме околу еден тон костени, а имаме и подготвено традиционална храна подготвена од нашите домаќинки. Имаме гости од цела Македонија, но и од соседните држави. Ќе се потрудиме, од година во година да ја омасовиме манифестацијата за промоција на костенот, но и на нашиот регион“ - рече градоначалникот Стојчев.

На манифестацијата присуствуваше и премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој истакна дека ваквите манифестации се важни за пренесување на македонската традиција.

„Овој продукт, костенот е познат во цела Македонија и е наша гордост на целиот Струмички регион, посебно на општина Ново Село. Во општина, каде што негувајќи ја традицијата која што ја негувале нашите дедовци и прадедовци продолжуваме во духот на таа традиција да ги собираме граѓаните заедно. Се надевам дека ваквите традиции ќе продолжат понатаму, затоа што таа е убавината која ни е стекната благодарение на нашите природни убавини, верувајќи дека ќе продолжи да биде сплотувачка врска меѓу нашиот народ“ - рече премиерот Заев.

ФОТОГАЛЕРИЈА

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во сабота второто извлекување од големата Наградна игра на „БЕНЗОИЛ“

Во сабота второто извлекување од големата Наградна игра на „…

Апр 20, 2021 Магазин

Второто извлекување од големата Наградна игра на бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ ќе се одржи во сабота, 24 април во 12:00 часот на Бензинската станица „...

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Струмица, но со двајца починати

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Стр…

Апр 19, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравството информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица нема р...

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна творба во поезија и проза на тема „Кула во сонот“

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна тв…

Апр 19, 2021 Вести

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, распиша Конкурс за најдобра литературна творба во поезија и проза на...

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната недела да се отворат летните тераси на угостителите, предлага Главниот координативен кризен штаб

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната…

Апр 19, 2021 Вести

Полицискиот час од 20:00 до 05:00 часот и затворени угостителки објекти да важи и во наредните 7 дена, а од 27 април до 15 мај угостителските објекти ...

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагично загинатата Верица Белчовска

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагичн…

Апр 17, 2021 Вести

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Gulf Oil“ во Македонија ќе донираат 1 милион денари на семејството на Верица Белчовска, кој...

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починала, но нејзиното срце и понатаму чука во 22-годишно момче

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починал…

Апр 17, 2021 Вести

Верица Белчовска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат п...

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната сер…

Апр 16, 2021 Вести

Вечерва во Тетово, одбојкарите на ОК „ЏИО Струмица“ извојуваа уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат над екипата на О...

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите цени за погребални услуги

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите…

Апр 16, 2021 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, денеска на прес конференција ги повика надлежните да интервенираат на е...