Одбележување: 21 година општина Ново Село

Вторник, 12 Декември 2017

По повод 12 декември, Денот на општина Ново Село, денеска беше одбележана 21 година од основањето на општината.

На свечената седница, Валетина Попова, претседател на Советот на општина Ново Село, истакна дека првата конститутивна седница на Советот на општина Ново Село е одржана на 12-ти декември 1996 година, а дека сегашниот Совет на општина Ново Село е составен од 15 советници од двете најголеми политички партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој краток период од работата на сегашниот Совет, донесени се повеќе одлуки во корист на граѓаните и тоа скоро сите едногласно. Се надевам дека и во иднина како советници ќе бидеме едногласни во носењето на одлуките“ - рече Попова.

„Со донесувањето на новиот закон за територијална поделба во Република Македонија и определувањето на подрачјата на единиците за локална самоуправа, во далечната 1996 година се формираше општина Нова Село. Спроведени се и првите Локални избори и избрани се органите на управување на општината, Градоначалник и Совет. Од тогаш поминаа 21 година од опстојувањето на нашата општина Ново Село. Тоа се случило на денешен ден, 12-ти декември 1996 година и затоа тој ден се одбележува како ден на основањето на нашата општина“ - рече во своето обраќање новиот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев.

На свеченоста која се одржа во Домот на културата „Јане Сандански“, покрај членовите на Советот, вработени во локалната самоуправа, гости, присуствуваа и градоначалниците на општините Василево и Босилово, како и началникот на СВР Струмица, Танчо Пројковски.

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Струмица, но со двајца починати

Ниеден нов случај со Ковид-19 во изминатото деноноќие во Стр…

Апр 19, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравството информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица нема р...

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна творба во поезија и проза на тема „Кула во сонот“

Друштвото „Иван Василевски“ објави Конкурс за литературна тв…

Апр 19, 2021 Вести

Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, распиша Конкурс за најдобра литературна творба во поезија и проза на...

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната недела да се отворат летните тераси на угостителите, предлага Главниот координативен кризен штаб

Тековните мерки со полициски час да продолжат, а од следната…

Апр 19, 2021 Вести

Полицискиот час од 20:00 до 05:00 часот и затворени угостителки објекти да важи и во наредните 7 дена, а од 27 април до 15 мај угостителските објекти ...

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагично загинатата Верица Белчовска

Gulf Oil ќе донира 1 милион денари на семејството на трагичн…

Апр 17, 2021 Вести

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Gulf Oil“ во Македонија ќе донираат 1 милион денари на семејството на Верица Белчовска, кој...

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починала, но нејзиното срце и понатаму чука во 22-годишно момче

Девојката што беше прегазена во центарот на Струмица починал…

Апр 17, 2021 Вести

Верица Белчовска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат п...

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат

Одбојкарите на Струмица со уште една победа во финалната сер…

Апр 16, 2021 Вести

Вечерва во Тетово, одбојкарите на ОК „ЏИО Струмица“ извојуваа уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат над екипата на О...

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите цени за погребални услуги

Струмичкото ВМРО-ДПМНЕ бара да се намалат екстремно високите…

Апр 16, 2021 Вести

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, денеска на прес конференција ги повика надлежните да интервенираат на е...

Се издава деловен простор од 100 м² во Струмица

Се издава деловен простор од 100 м² во Струмица

Апр 16, 2021 Веб Билборд

Се издава деловен простор од 100 м², спроти хотелот „Илинден“ во Струмица, над Студио „ПРЕСТИЖ“. Просторијата е со излог, санитарен чвор и е погодна з...