Поранешниот градоначалник на општина Ново Село Б.В. (53), доби кривична пријава поради сомневање дека ја „злоупотребил службената положба и овластување“ и со анекс на договор продолжил закуп на времен објект на Смоларски водопади со Друштвото за туризам, угостителство и услуги од Струмица, со што овозможил тоа да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.
„Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 7 март 2014 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување, склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење од пет на 11 години. Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад, склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот - правно лице од Струмица, без спроведување јавно надавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години“, информираат од СВР Струмица.
Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно надавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект.
На тој начин, како што информира СВР Струмица, овозможил Друштвото за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг временски рок.
.
.
Апр 20, 2021 Магазин
Второто извлекување од големата Наградна игра на бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ ќе се одржи во сабота, 24 април во 12:00 часот на Бензинската станица „...
Апр 19, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерството за здравството информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 135 нови случаи. Преку Центарот за јавно здравје во Струмица нема р...
Апр 19, 2021 Вести
Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, распиша Конкурс за најдобра литературна творба во поезија и проза на...
Апр 19, 2021 Вести
Полицискиот час од 20:00 до 05:00 часот и затворени угостителки објекти да важи и во наредните 7 дена, а од 27 април до 15 мај угостителските објекти ...
Апр 17, 2021 Вести
Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата „Gulf Oil“ во Македонија ќе донираат 1 милион денари на семејството на Верица Белчовска, кој...
Апр 17, 2021 Вести
Верица Белчовска од Берово е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат п...
Апр 16, 2021 Вести
Вечерва во Тетово, одбојкарите на ОК „ЏИО Струмица“ извојуваа уште една победа во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат над екипата на О...
Апр 16, 2021 Вести
Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, денеска на прес конференција ги повика надлежните да интервенираат на е...